1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Папата Франциско одблизу

Марија Севриева
7 мај 2019

Заедништво, соживот и светла иднина во европското семејство - ова беше главната порака од првата и веќе историска посета на папата Франциско. Тој имаше средби со државниот врв, верските лидери, граѓаните.

https://p.dw.com/p/3I583
Papst Franziskus in Nord-Mazedonien
Фотографија: Reuters/Y. Nardi

Папата Франциско во своето обраќање од Вилата Водно, по средбата со државниот врв, ја искажа својата почит кон државата со која Ватикан е во дипломатски односи 25 години и која ја има дадено заштитничката на сиромашните и отфрлените Мајка Тереза.

Папата го потенцираше мултикултурниот и мултирелигискиот состав на земјата.

„Овие посебни карактеристики, во исто време, се од голема важност за патот кон што побрза интеграција со европските земји. Посакувам оваа интеграција да се одвива позитивно за целиот Западен Балкан, како и тоа дека секогаш ќе се одвива почитувајќи ги различностите и основните права... Бог да ја чува и благослови Северна Македонија, да ја зачува хармонијата и да ѝ даде просперитет и радост.“

На централниот плоштад во Скопје беше раздвижено уште од утрото. Верници и граѓани од сите страни на светот трпеливо го чекаа пристигнувањето на папата.

Што за нив значи доаѓањето на Светиот отец и други детали од десетчасовната посета на папата Франциско, во видеото:

Папата Франциско одблизу