1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата Франциско против легализација на дрогите

СН/ЖА/миа/фн/ртр25 јули 2013

Папата Франциско, за време на посетата на клиника за наркозависници во Бразил, повика на борба против нарко-картелите и предупреди од легализацијата на дрогите

https://p.dw.com/p/19DyB
Фотографија: Reuters

Папата Франциско се изјасни против либерализацијата на употребата на наркотици и ги повика латиноамериканските нации да се зафатат „со коренот на проблемот - шверцот на наркотици“.

„ Либерализацијата на употребата на наркотици, која се разгледува на различни места во Латинска Америка, не е тоа што ќе овозможи да се намали ширењето и влијанието на хемиската зависност, изјави папата при посетата на католичкиот медицински центар Сао Франциско де Асис во Рио де Жанеиро, специјализиран за лекување наркозависници.

Според папата Франциско, „неопходно е да се бориме со проблемите, кои се во основа на употребата на наркотици, поттикнувајќи поголема праведност и обука на младите за вредностите кои се градат во животот“.

Бразил, Гватемала, Уругвај, Мексико и Колумбија се залагаат за легализирање на марихуаната.