1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папа – Австрија

7 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bdak

Папата Бенедикт 16-ти денеска пристигна во тридневна посета на Австрија. Повод за доаѓањето на поглаварот на Католичката црква во Австрија е прославата на 850-тиот јубилеј на светилиштето Маријацел. Бенедикт 16-ти ќе им одаде почит на еврејските жртви на нацизмот во Виена, каде ќе има разговори и со шефот на државата Хајнц Фишер. На завршницата в недела Папата ќе одржи миса во Виенската катедрала Свети Стефан.