1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папуљас најавува реприза на Букурешт

3 декември 2009

Грчкиот претседател Каролос Папуљас денеска предупреди дека поради спорот за името со Македонија може да се повтори сценариото од самитот на НАТО во Букурешт, кога Грција стави вето на поканата за Македонија.

https://p.dw.com/p/KpbC
Каролос Папуљас (десно) со поранешниот грчки премиер Костас КараманлисФотографија: Nikos Pilos

„Ние направивме низа значајни отстапки. Спремни сме да се согласиме и со назив на државата кој ќе го содржи зборот Македонија, иако и тоа е повеќе од рамката која ја договорија грчките политички партии пред 10 години. На Скопје треба да му биде во интерес да се договориме и поради тоа што Грција таму е значаен инвеститор со милијарда евра кои создадоа 20 илјади работни места“, изјави Папуљас во интервју за чешкиот весник „Право“.

Според грчкиот претседател, Македонија непопустливо ги брани своите првобитни ставови.

„Постојано зборуваат за македонски јазик и народ со што создаваат непријателски фронт кон Грција и Бугарија. Тие сакаат да се претставуваат како водечки личности на македонскиот народ, а со својата реторика наметнуваат тенденција на „ослободување на македонскиот народ од грчка и бугарска окупација“. Тоа ги нарушува добрососедските односи и ние тоа не можеме да го прифатиме“, изјави Папуљас за чешкиот весник „Право“.

Автор:БГ/ЕМФ/бета