1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парадата на љубовта оваа година во Есен

22 јуни 2007

Лав Парејд најде нов дом во Германија .Популарниот музички настан кој од 1989 година се одржуваше во Берлин сега се сели во Рурската област, во градот Есен

https://p.dw.com/p/AzMA
Фотографија: AP
Името Лав Парејд вообичаено асоцира на убави луѓе во ексцентрични костуми , кои танциуваат на гласна техно музика која одекнува од звучниците на конвојот камиони. Токму така организаторите на парадата сакаат да биде и оваа година , само што овојпат забавата е во Есен.

Тие можеби не беа во состојба да најдат толку живописна маршута како онаа во Берлин , но велат дека тоа не е најважно.

Имано по повеќе месечни жестоки дискусии разрешени се проблемите со финансирањето и безбедноста. Градоначалникот на Есен Кристијан Хилсман е задоволен дека забавата ќе може да се одржи на 25 август:

“Отсегогаш бев уверен дека градскиот Совет ќе се согласи да бидеме домаќини на парадата, но изненадување е фактот дека имаше толку малку гласови против. Мислам дека успеав да ги убедам колку сме сериозни , колку планови имаме направени за да ги спречиме потенцијалните проблеми”

Оваа година Љубовната парада ќе се состои од 25 музички камиони кои ќе минуваат низ улиците во централниот дел на Есен. Се очекува повеќе од еден милион гости да учествуваат во поворката која треба да биде долга два и пол километри . Бројки кои меѓутоа го загрижуваат Улрих Фасбендер од полицијата во Есен:

“Лав парејд во Берлин се одржуваше по дожина на зелен појас , каде што имаше доволно простор луѓето да се евакуираат доколку постоеше итна потреба за тоа. Но овде во Есен работите се поинакви. Имаме улица со четири ленти по должината на маршрутата но ќе биде тесно ако замислите 700 илјади луѓе на неа. Доколку поради некоја причина избие паника , нема да има доволно простор луѓето брзо да избегаат”

Една од главните причини поради кои парадата го напушти Берлин е големото ѓубре што останува по неа и трошоците за негово расчистување. Постојаните расправии со берлиснкиот Сенат ги принудија организаторите да погледнат на друга страна. Вкупно 60 градови се кандидираа да бидат домаќини на Лав Парејд , а победи Есен . Еден од организаторите на парадата, Рајнер Шалер објаснува зошто:

“ Рурската област има најголема популација во Германија. Повеќе од пет милиони луѓе живеат во овој регион. Имаме намера во иднина Лав Парејд да ја одржуваме секоја година во различен град во Рурската област”

Доколку се се одвива според планот , наредната година големата журка ќе се одржи во Дортмунд а потоа домаќини на врвните европски Ди-џеи ќе бидат градовите : Бохум, Дуизбург и Гелзенкирхен.