1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пари има, но тешко се стига до чанта „Луј Витон“

3 ноември 2010

Некој е среќен ако во кризата го зачувал работното место, па не мора да се откажува од многу работи. Но, и оние кои немаат проблем со пари понекогаш мораат да си ги дисциплинират желбите.

https://p.dw.com/p/PwDR
Фотографија: AP

На Шанзелизе во Париз долга редица пред една продавница, дури на вратата стои и редар. Не станува збор за распродажба, туку сосем спротивно - се чека на ред за луксузна стока. Конкретно, женски кожени чанти од марката „Луј Витон“. Цените не се за секого, па сепак некои упорно чекаат да дојдат на ред. „Го минав долгиот пат од Јужна Африка. Денеска ми е последен ден и уживам во шопингот“. - „Имаме кредитна картичка за неограничена сума“.

Chanel Kostüme
Модели на ШанелФотографија: AP

Но, во оваа продавница ни тоа не помага: продажбата е ограничена на само една чанта по купувач. На касата дури го бележат бројот на пасошот на купувачите, за некој да не смислува досетки за да дојде до две чанти. Европската индустрија на луксузни стоки доживува бум веќе во втората година по големата криза. Експерти проценуваат дека „Луј Витон“ годинава ќе оствари за 20 проценти повисок приход, иако всушност биле планирани половината од тоа. И кај Шанел се очекува пораст од 20 проценти. Нормално, ако за луксуз се чека во редица. „Повеќе од 80 проценти од луѓето се од Азија - Кина бележи силен пораст и многумина муштерии од Кина пазарат овде. Вработените во продавницава ми кажаа дека многумина Кинези купуваат многу производи на ’Луј Витон‘ и поради тоа нам ни дозволуваат да купуваме само по една чанта“, вели еден од муштериите.

Од претпријатието се воздржуваат од коментар во врска со ова. Со проблеми од ваква природа, разбирливо, добро се живее. Финансиска криза, презадолжени државни буџети, засеци во социјалната сфера - на Шанзелизе во Париз нема трага од сето тоа; само луксуз на сите страни.

Автор: Франк Хофман/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска