1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пари од отпад!

5 март 2011

Како што се менува цената на суровините, така се менуваат и цените на материјалите добиени од отпадот. На пример, еден тон пластичен отпад претворен во гранулат на светскиот пазар носи 500 евра.

https://p.dw.com/p/10Skc
Фотографија: DW

Во голем град како Берлин, за собирање има многу. Затоа, камионот е полн до горе четирипати во текот на денот. Секој Германец годишно „создава“ 450 килограми ѓубре. Отпадот внимателно го дели во различни канти. Жолтите канти се наменети за пакувања, барем во најголемиот дел од случаите.

„Најапсурдното нешто беше еден шкаф, кој растурен на делови убаво беше нареден во кантата за пакувања. Тоа е најапсурдното нешто што сум го доживеал“, вели комуналниот работник Карстен Бурмајстер.

За собирањето на пакувањата, Бурмајстер добива пари од индустријата и трговијата, значи од оние кои продуцираат отпад. Тоа во Германија е регулирано преку компликуван систем. Во жолтите канти може да се фрлаат и предмети од пластика и метал. Тоа комуналците го земаат бесплатно, зашто фирмата од тој отпад прави пари.

Постројката за сортирање отпад чини околу 20 милиони евра

За таа цел, отпадот се носи во огромна постројка за сортирање. Секоја година тука се сортираат 120.000 тони отпад. Од тоа, до 70% се враќа повторно во процес на производство. Постројката препознава околу 15 различни материјали, таканаречени фракции. На светскиот пазар особено се барани метали, пластика и хартија.

„Сите фракции се барани на пазарот од страна на индустријата во вид на секундарни суровини и тоа е во секој случај бизнис што се исплаќа.“

Müll Container in Köln
Отпадот се делиФотографија: AP

Постројката чини околу 20 милиони евра. Таа е една од најмодерните во Европа и работи автоматски. Постојано се сортираат материјали. Металите остануваат на магнетите, во големите центрифуги се сортираат пластични кеси. Со инфрацрвена техника се проценува густината на пластиката, а со воздушен притисок таа се „оддувува“ на различни ленти.

Одлуката да се собираат толку многу различни материјали е донесена свесно, зашто како што се менува цената на суровините, така се менуваат и цените на материјалите добиени од отпадот - ако цената на еден материјал е ниска, може да се заработи од другиот материјал.

„Никогаш не можеме точно да ги сведеме работите на заеднички именител - дали еден тон носи 100 евра, или 300, или нула. Се разбира дека сме зависни. Се потпираме врз растечката побарувачка на суровини, на зголемената побарувачка на секундарни суровини и има анализи кои покажуваат дека најголем проблем за производствената индустрија во Германија ќе биде пазарот на суровини.“

Колку потемелно се сортира, толку е повисока цената

За постројката, машинските инженери морале да најдат специјални решенија:

Symbolbild Müll Recycling
Бали со пластичен отпадФотографија: th-photo-Fotolia.com

„Последните 10 до 20 години во Германија има толкава иновативна сила, што сметаме дека нашата технологија има добра перспектива на светскиот пазар. Светскиот пазар уште ќе се отвора во делот на собирање и сортирање отпад и Германија за тоа е добро подготвена.“

Рециклирањето не завршува тука. Претпријатието заработува и при натамошната обработка на суровините. Балите со пластичен отпад, на пример, и натаму се чистат и се претвораат во гранулат. Еден тон, во моментов, на светскиот пазар носи 500 евра.

Автор: Соња Шок / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска