1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парк - нова претседателка на Јужна Кореја

ЖА/дв/дпа/миа19 декември 2012

Во Јужна Кореја, според повеќе ТВ станици, првпат една жена е избрана на чело на државата. По нецелосното пребројување на гласовите, Парк Гун Хе победила на изборите.

https://p.dw.com/p/175bz
Фотографија: dapd

Јужна Кореја за првпат во својата историја ќе има жена претседател, откако Парк Гун Хе освои 50,1 процент од гласовите на денешните избори, покажуваат резултатите од излезните анкети.

Парк, која е кандидат на владејачката конзервативна партија „Сенури“, има сосема мала предност пред главниот противник од опозициската Демократска обединета партија Мун Џе Ин, кој има поддршка од 48,9 проценти од гласачите.

Официјалните резултати од гласањето ќе бидат објавени во текот на денот.

Учеството на изборите изнесувало 75 проценти, што е највисока излезност во последните 15 години.

Парк Гун Хе (60) е најстарата ќерка на поранешниот јужнокорејски диктатор Парк Чунг Хи, кој владееше со земјата 18 години до неговото убиство во 1979 година.

Парк се залага за дијалог со се‘ повеќе изолираната Северна Кореја. Раководството на соседната комунистичка држава пред неколку дена повторно предизвика загриженост за дестабилизација на регионот преку лансирањето ракета. Парк на своите сонародници им вети стопански развој и нови работни места.