1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарна дебата за односите меѓу Македонија и ЕУ

20 јули 2009

Оли Рен доаѓа во Македонија со документите за визната либерализција, но, и во проверка, колку се исполнети условите за добивање датум за преговори. Парламентот денеска дебатираше за односите меѓу Македонија и ЕУ.

https://p.dw.com/p/ItDy

Во очи посетата на еврокомесарот за проширување Оли Рен на Македонија, Собранието во Скопје дебатираше за односите меѓу Македонија и ЕУ. Тема на собраниската расправа беа и перспективите што се отвораат со новиот Реформски договор од Лисабон, чија ратификација се’ уште целосно не е завршена во сите 27 земји членки на Унијата.

EU-Kommission kritisiert Türkei - Bericht Oli Rehn
Еврокомесарот Оли РенФотографија: picture-alliance/dpa

Безвизниот режим не е компензација за европреговорите, тврдеше власта во дебатата. Владата прави фешта од либерализицијата на визниот режим и изгуби цела година за да ги реализира осумте дополнителни услови од Брисел, контрираше опозицијата. Во ваква атмосфера Македонија неделава ќе го пречека еврокомесарот за проширување Оли Рен. Се очекува тој во Скопје да ги донесе документите и рокот за стартот на безвизниот режим за патување во ЕУ. Еврокомесарот исто така ќе провери колку се исполнети дополнителните услови за почеток на преговорите за влез во Унијата.

Пред доаѓањето на Оли Рен, македонското собрание ја забрза постапката од така наречениот „проект 4“ - закони што треба да бидат усвоени, како услов за натамошната евроинтеграција на земјата. Тоа се законот за полиција, за собрание, законите за државни службеници и за финасирање на партиите. Овие закони треба да бидат донесени до 15 септември. Тогаш Европската комисија ќе соопшти дали по четири години проверки, Унијата конечно ќе ги стартува преговорите со Македонија за членство на земјата во Унијата.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема