1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарна делегација во посета на Бошковски и Тарчуловски

10 април 2007
https://p.dw.com/p/AgFP

Делегација на македонското собрание денеска ќе ги посети двајцата македонски државјани, Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, притворени во меѓународниот трибунал за воени злостоства. Посетата е во пресрет на почетокот на судењето на двајцата кое треба да започне на 16 април годинава. Тие се обвинети за настаните во село Љуботен од 2001 година. Како што изјави претседателката на анкетната комисија за заштита на човековите права, Мери Младеновска Ѓоргиевска, одат за да видат дали обвинетите се подготвени да го издржат товарот на судењето кое може да трае подолго време.