1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарни избори во Грција

16 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BgNV

Во Грција денеска се одржуваат парламентарни избори. Главната битка на изборите ја водат конзервативната партија Нова Демократија на премиерот Костас Караманлис и опозицискиот социјалистички ПАСОК под водство на Георгиос Папандреу. Актуелниот премиер, Караманлис, сака втор мандат во кој планира да ги засили еконосмките реформи во земјата, пред се на планот на намалување на дефицитот и невработеноста. Сепак партијата на Караманлис е соочена со критики од граѓаните, пред се заради големите пожари во кои животите ги загубија над 60 лица. За прв пат по соборувањето на воената диктатура во земјата во 1974, шанси за влез во парламентот има и партијата на десните радикали.