1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарни избори во Србија

Саша Бојиќ21 јануари 2007

Во Србија денес се избира нов парламент,централна тема во изборната борба е прашањето на Косово.Србите и Албанците преговараат веќе една година без резулати околу иднината на јужносрпската покраина,во која мнизинско население се Албанците.

https://p.dw.com/p/Abzx
Фотографија: AP

6,6 милиони Срби со право на глас треба да го изберат новиот палраламент,на изборите учествуваат 20 политички партии.

ЕУ и САД би сакале влада од Демократската партија на претседателот Борис Тадиќ.Но,според анкетите,Српската радикална партија,чиј шеф Војислав Шешељ е обвинет пред Хашкиот трибунал за воени злосторства,може да освои околу 30 проценти од гласовите и со тоа повторно да стане најсилна.

Меѓу овие два непомирливи меѓу себе блока се наоѓа Демократската партија на Србија на премиерот Војислав Коштуница,кој е посакуван партнер за коалиција и за двата блока.Коштуница од тактички причини остава отворено за кого ќе се одлучи.Во неговата изборан борба тој неуморно и со многу национален патос потсетуваше дека благодарение на неговата партија е усвоен нов српски устав,во чија преамбула Косово е дефинирано како дел од Србија:

-Круна на нашата работа ,а тоа го знае точно секој граѓанин,е новиот српски устав.Она што беше речено,беше и исполнето.

Коштуница нерадо дискутира за суштината дека Косово со години веќе не е под власт на Белград.Наместо тоа тој буди големи надежи дека Русија ќе вложи вето во Советот за безбедност против независноста на Косово.

Демократската партија со челниот кандидат Божидар Дјелиќ свесно го става прашањето за Косово во заднината при изборната кампања,а на граѓаните им ветува социјална држава,која ќе се потпира врз два столба,како што вели заменикот партиски шеф Драган Сутановац:

-Еден столб се условите за брз стопански развој.Другиот го чинат рамките на солидарно општетсво,кое ќе се грижи за секој поединец кој не може да учествува во борбата на пазарот.

Радикалната партија води изборна кампања која остава се само не впечаток на брилијатна подготовка.За тоа придонесува и партискиот шеф Шешељ кој е во затвор во Ден Хаг,каде водеше штрајк со глад и од каде во декември објави великосрпски политички тестамент,и чии цели се остварливи само со војна.Но,тоа и на неговите партиски пријатели им изгледа премногу.Затоа борбената најава на Шешељ е малку релативизирана,а борбата за Голема Србија одложена за подалечна иднина.Александар Вучиќ ,генералниот секретар на Радикалите:

-Борбата веќе не е можна поради насилството кое владее во свестката политика,но односите на силите во светот ќе се сменат,ако не за две три години,тогаш подоцна.

Социјалистичката партија на Србија која беше основана од екс претседателот Слободан Милошевиќ мора да стравува за влез во Парламентот:според анкетите таа нема повеќе од три проценти.Новиот и прв по Милошевиќ партиски шеф Ивица Дачиќ навистина се дистанцираше од него,но неговите аргументи во кампањата се најчесто само разводнети ставови на поранешниот диктатор:

-Ние сме гарант на Дејтонскиот договор.Не можеме мирно да посматраме како исчезнува Република Српска,како се ограничува нејзината самостојност,како настанува унитарна босанска држава.Значи,од една страна се распаѓа Србија со самостојноста на Црна Гора и на Косово,до друга страна треба да ја снема Република Српска,дел од Дејтонскиот договор.Србија не смее да рече дека и е сеедно што се случува со Република Српска.

Помали демократски партии кои според анкетите би можеле да влезат во парламентот и да овозможат создавање проевропска влада се новиот сојуз на Либерално демократската партија на Чедомир Јовановиќ,како и Г 17 плус.Двете партии ја имаат Европа како единствено средство и цел за постиогнување на се друго.