1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарни избори во Украина

30 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BlMJ

Во Украина денеска се одржуваат предвремени избори за нов состав на парламентот. Тие треба да понудат излез од борбата за власт меѓу проруски и прозападно ориентираните сили. Реформски ориентираниот претседател на државата Виктор Јушченко ги закажа изборите откако повеќе пратеници од неговата партија преминаа во таборот на прорускиот премиер Виктор Јанукович. Според последните анкети, Партијата на регионите на премиерот Јанукович има добри шанси да стане најсилна политичка сила во земјата.