1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентот во Киев ги скрати правата за протести

АТ/ афп/дпа/ртр/ апе17 јануари 2014

Во украинскиот парламент повторно се случија немили сцени, меѓу другото и поради тоа што значително се проширија условите за одржување протестни манифестации. Опозицијата стравува од нови насилни акции на полицијата.

https://p.dw.com/p/1AsWA
Фотографија: picture-alliance/AP

Поради повеќенеделните протсти на прозападната опозиција украинскиот парламент ги промени правата за демонстрации. На турбулентната седница собранието во Киев ги зголеми затворските казни за запоседнување и блокада на владини установи. Парламентот исто така донесе одлука во иднина да се казнуваат маскирани демонстранти, клеветата и „екстремистични повици“ на интернет. Суд во Киев еден ден претходно забрани одржување демонстрации во центарот на градот до 8. март.

Опозицијата собрана околу поранешниот првак во бокс Витали Кличко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко ги критикуваше промените како „диктаторски“ и „војна против сопствениот народ“. Водачот на опозицијата Арсени Јазенјук говореше за „кршење на уставот“. Пред парламентот демонстрираа илјадници приврзаници на прорускиот претседател Виктор Јануковиќ.

Како и Москва против НВО

Освен тоа пратениците донесоа одлука, парламентарците побрзо да можат да го загубат имунитетот, кој ги штити од казнена постапка. Исто како и во Русија, невладините организации (НВО) со финансиска поддршка од странство ќе бидат означени како „странски агенти“.

Од почетокот на декември противниците на владата го запоседнаа градското собрание и централата на синдикатот во Киев. Повеќе стотици демонстранти кампуваат веќе два месеца на плоштадот на независноста (Мајдан). Протестите избија откако претседателот Јанукович под притисок од Русија, го замрзна приближувањрто на Украина кон ЕУ.