1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентот расправа по интерпелацијата за Ставрески

ЕМФ/миа28 мај 2012

Македонскиот парламент расправа по интерпелацијата за работата на министерот за финансии Зоран Ставрески, поднесена од опозицијата.

https://p.dw.com/p/153VR
Фотографија: AP

Марјанчо Николов од СДСМ, образложувајќи ја потребата од поднесувањето на интерпелацијата, рече дека причини поради кои Ставрески треба да замине од министерската функција се: немањето кредибилитет, постојаното задолжување на државата, акцијата „Детонатор“, сиромаштијата, невработеноста, финансирањето на проектот „Скопје 2014“, недостигот на капитални инфраструктурни и енергетски проекти, состојбата во Фондот за ПИОМ и за здравство и другите претпријатија во сопственост на државата, фискалната децентрализација и рамномерниот регионален развој и неуспешниот проект „Купи куќа, купи стан“.

„Ова се причините зошто треба да си замине од фукцијата министер за финансии. Тоа е во интерес и на стопанството и на граѓаните и на државата“, истакна Николов, додавајќи: „За сите овие шест години колку што ги правите буџетите сте потрошиле 14 милијарди евра пари на граѓаните“, а притоа „е прашање каде се потрошени и на што се потрошени“ тие пари. Николов потенцира дека во последните три години долгот на централната влада е зголемен за 700 милиони евра и оти со политиката што се води - земање кредити и трошење за тековни трошоци само се уништува македонската економија и се задолжуваат идните генерации.

Министерот Ставрески, пак, во одбрана рече дека со економската политика што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, македонската економија во изминатите години остварила добри резултати, најдобри од осамостојувањето до денес.

„Во изминатиот период остварени се историски највисоките стапки на раст на БДП од 6,1отсто во 2007 година и 5 отсто во 2008 година. По почнувањето на големата светска економска криза повторно во две од три години остваривме позитивен раст на БДП - 2,9 отсто во 2010 и 3 отсто во 2011 година. Во целина, во периодот 2007-2011, во кој во четири од петте години имаше и се‘ уште има голема светска економска криза, остварен е просечен раст на БДП од 3,2 проценти. За споредба, во периодот 1993-1998 и 2003-2006 година во кои економската политика ја креираше СДСМ, просечниот раст на БДП е 1,2 отсто“, рече Ставрески.

Zoran Stavreski Vize Ministerpräsident Mazedonien
Зоран Ставрески соочен со критиките на опозицијатаФотографија: MIA

За инвестициите посочи дека во изминатите пет години е остварен најголем раст. Просечниот реален раст на бруто инвестициите, според министерот, во 2003-2006 година изнесувал 2,8 отсто, додека во 2007-2011 година 8,9 проценти. Странските директни инвестиции од 2007 до 2011 година достигнале 1,513 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повеќе во однос на кумулативиот прилив на светските директни инвестиции во 10-те години период на владите на СДСМ, рече Ставрески.

Расправата по поднесената интерпелација, според собранискиот Деловник, треба да заврши најдоцна до полноќ до кога треба да се гласа.