1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патот кон германското обединување

30 јануари 2009

„Поделена земја – обединета земја!“ Под овој наслов нудиме специјално издание на „Дојче веле“ по повод германското обединување. Ќе ја проследиме мирната револуција, паѓањето на Берлинскиот ѕид, повторното обединување.

https://p.dw.com/p/Gk0s

Во 2009 година по дваесетти пат се навршува годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид, во 2010-та, пак, Германците од Истокот и Западот слават 20 години од повторното обединување на земјата. „Дојче веле“ потсетува на главните настани од германско-германската историја и раскажува приказни за повторно обединетата земја. Донесуваме портрети на протагонистите на мирната револуција во Германската Демократска Република, им даваме можност да дојдат до збор на сведоците на паѓањето на Берлинскиот ѕид и на добитниците и губитниците на повторното обединување.