1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патот на Трамп до Белата куќа

Ж.А. /ДВ
10 ноември 2016

Доналд Трамп е успешен градежен претприемач, бестселер-автор, ТВ-ѕвезда, а сега и 45-ти претседател на САД. Во милијардерот Трамп многумина гледаа комична фигура, но тој сега се вселува во Белата куќа.

https://p.dw.com/p/2STJv
USA | Donald, Melania und Ivanka Trump
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Foley

Како Доналд Трамп, во кој се крстат бројни Американци кои настрадаа во економската криза и од последиците на глобализацијата, дошол до своето богатство и стигна до челната позиција во САД? Милијардерот не е воопшто типично олицетворение на познатиот „американски сон“ - не стартувал од нула или како чистач или мијач на садови, туку добил стартен капитал од својот татко-претприемач. Се школувал во воен интернат, но избегнал да оди во војната во Виетнам, извлекувајќи се како неспособен поради коскен шилец во петицата. Неколкупати се женел, милува да стои пред камерите и знае на дел од луѓето да им го каже она што сакаат да го слушнат. Кои се најважните станици на животниот пат на Трамп?