1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пат ситуацијата ја заострува кризата

СН/ печат
12 декември 2016

Медиумите на германски јазик известуваат за тесен исход на предвремените парламентарни избори во Македонија, без јасен победник.

https://p.dw.com/p/2U87P
Mazedonien Jubel Wahlen
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Кој се надеваше дека изборите во Македонија ќе донесат и деескалација на кризата во земјата, денеска наутро го очекуваше отрезнување: нити парламентарните избори донесоа јасен резултат, ниту ја ублажија политичката клима. Таа дотолку повеќе е повторно високо напната, откако како националконзервативната владејачкаа партија ВМРО-ДПМНЕ така и социјалдемократите -СДСМ уште пред објавувањето на официјалните резултати ја прославија својата „изборна победа“, читаме во швајцарскиот весник Ное цирхер цајтунг (НЦЦ), кој е еден од ретките медиуми на германски јазик кој објавува своевидна оценка за изборниот резултат во Македонија, содржана во насловот кој говори за пат позиција која ја заострува кризата во Македонија.

Во иста насока се движи и извештајот на германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ со наслов „Две партии се прогласија за изборни победници  во Македонија“ во кој меѓудругото се вели: „Предвремените парламентарни избори требаа да ја окончаат долгогодишната криза. Меѓутоа тие ги продлабочуваат проблемите. Зашто двете најголеми партии се раскарани и не сакаат да коалицираат“, пишува „Зиддојче Цајтунг“.

Mazedonien Wahlen - VMRO DPMNE Nikola Gruevski
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Останатите медиуми се воздржуваат од оценки и се повикуваат главно на извештаите на светските новински агенции. Согласно тоа тонот во нивните извештаи е сличен. Преовладуваат наслови во кои се спомнува пат ситуација по изборите во Македонија во која ако власта така и опозицијата прогласиле победа.

Во својот извештај насловен : „Обата раскарани табори се гледаат себеси како победници“ , онлајн изданието на весникот „Велт“ пишува: „ Двапати одложените предвремени парламентарни избори во малата балканска држава во неделата не донесоа јасен резултат. Ниту долгогодишниот премиер Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ ниту социјалдемократскиот лидер на опозицијата со неговата партија СДСМ не успеаја да извојуваат јасна победа“.

Онлајн изданието на германскиот неделник „Цајт“ под наслов „Тесна трка во Македонија“ истотака истакнува дека изборите во Македонија не донесоа јасен победник и оти се навестува тежок процес на составување на владата. „Двете страни рекламираа победа за себе и ширум земјата го славеа нивниот наводен успех. Голема коалиција е исклучена, бидејќи и двата блока преку две години се раскарани  сѐ до ниво на лични напади“, читаме во „Цајт“.