1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пахор: Преку сопствена инцијативa до влез во Унијата

АТ/ макфакс17 јули 2013

За кавга и за договор секогаш се потребни двајца, е пораката од словенечкиот претседател Борут Пахор по средбата со неговиот македонски колега, Ѓорге Иванов во Скопје.

https://p.dw.com/p/199PL
Фотографија: Jure Makovec/AFP/Getty Images

Доколку сака некаков напредок во спорот со Грција, Македонија мора да покаже јасна иницијатива, и ова да го достави до челниците на Европската унија, смета словенечкиот претседател Борут Пахор (на насловната фотографија).

„Во моментов е најбитно македонската страна да даде мошне конкретна иницијатива којашто навистина нема да ги остави рамнодушни претставниците на Европската унија“, изјави Пахор.

За Иванов, пак, битно е да се користи искуството на Словенија од ваквите ситуации, како што тоа беше спорот кој земјата го имаше со најновиот член на Европската унија, Хрватска.

„Словенија покажа дека како земја-членка на Унијата може европски да сеоднесува кон земја-кандидат за членство во Унијата. Словенечкиот пример, Брисел треба да и’ го понуди на Грција, дека како земја-членка, кон земјата-кандидат Македонија, треба да се однесува на ист начин. Од ова најголема полза ќе има и самата Грција, бидејќи ќе придонесе за европеизација на целиот регион. Очекуваме иста посветеност од Унијата за нашето прашање, како што таа имаше и во прашањето меѓу Белград и Приштина“, изјави пак Иванов.

Во однос на иницијативите кои Македонија постојано ги упатува до Грција, но не наидува на одговор, Иванов е дециден дека земјата во дадената ситуација нема соговорник да дојде до решение.

Gorge Ivanov
Ѓорѓе ИвановФотографија: MIA

„За да може да се примени позитивниот пример меѓу Словенија и Хрватска, истото мора да се случи и меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, ние од Атина немаме ни одговор на писмата што ги праќаме до нив (...). Ние постојано сме соочени со фактот што немаме соговорник и немаме со кого да дојдеме до решение. Би сакале да седнеме, да разговараме и преку дијалог да дојдеме до решение, но сите наши иницијативи се отфрлаат“, вели македонскиот претседател.

Унијата можеби во моментов е заморена од проширувањата поради економската криза, но доколку земјите кандидати самите дојдат до иницијативи за да ги средат меѓусебните односи, ќе имаат поголеми можности за влез во Унијата, порачува, пак Пахор. Според него, од важно искуство за Македонија ќе биде и учеството дека преку процесот Брдо, кој Словенија го организира а на кој ќе присуствуваат сите претседатели на балканските земји од Словенија па до Албанија, а како гостин ќе присуствува и францускиот претседател Франсоа Оланд. Ова, според него, ќе биде една неформална средба, но која ќе има значење за тоа регионот да се придвижи напред и да ги реши проблемите кои земјите ги имаат меѓусебно.

Во однос на меѓусебната соработка пак, Пахор и Иванов согласни дека Македонија и Словенија се две пријателски земји кои немаат отворени прашања и чии односи, и политички и економски, се на највисоко ниво.