1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паѓаат европските царини за Македонија

31 декември 2010

По една деценија постепено укинување на царините, од 1. јануари во сила стапува целосно бесцаринско тргување меѓу Македонија и ЕУ. Какви ќе бидат ефектите врз македонскиот извоз и цените на производите?

https://p.dw.com/p/QlXr
И од 1. јануари ќе мора да се внимава на ценитеФотографија: Petr Stojanovski

Автомобили, нафтени деривати, минерали, тесктил, бела техника, машинерија и стотици други производи со потекло од ЕУ од 1. јануари ќе можат да влегуваат во Макеоднија без царина. Деценискиот циклус на етапно намалување на царините согласно договорот за Стабилизација и асоцијација завршува на 1. јануари 2011 година. Потоа ќе се царинат само земјоделските производи, како мерка за заштита на домашниот пазар.

Во Царинската управа не очекуваат сериозни пореметување на планираните приходи. Се потпираат на прогнозите за економски раст. Советникот во Царинската управа, Ѓорги Наумовски вели:

„Делумно ќе влијае на приходите, но имајќи го предвид предвидениот раст на економијата, што е раст на вредноста на увозот, не би требало да има големо влијание. Што се однесува до цените, кај најголем дел од производите падот е од 0,7 проценти на нула или од еден процент на нула. Не очекуваме дека би настанало големо намалување на цените“, вели Наумовски.

NO FLASH Autos im Hafen in Hamburg
Експертите не очекуваат големи намалувања на ценитеФотографија: picture-alliance/dpa

Македонските производи се доволно конкурентни?

Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека во изминатите години стопанствениците имале доволно време да се подготват за целосната либерализација на трговијата со Унијата.

“Не очекувам нешто драстично да се смени, секоја година се случувала одредена либерализација, промените се исти како и претходните десет години. Постојано се прават подготовки за нашите компании да добијат соодветен сертификат за квалитет на европскиот пазар“.

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, крајот на царинската ера со ЕУ го доживува како предизвик.

“Ситуацијата е чудна, дури малку бизарна. Прво има поголемо намалување на царините за македонските производи кон ЕУ, потоа од ЕУ кон Македонија, со цел на послабата економија да и` се овозможи да напарви полесен продор на тој пазар. Меѓутоа, основна претпоставка е дека на крајот на тој период, државата ќе влезе во ЕУ и тогаш врз основа на тие прилагодувања и пристапот кон тој огромен пазар, кој и денес е најголем пазар за нас, ќе и` овозможи на локалната економија да преживее, успешно да се справи со тој пазар и со конкурентноста што доаѓа од него. Денеска делот на асиметрија веќе го нема, а Македонија не од други причини, туку поради проблемот со името не е членка не ЕУ“.

Бизнисмените не се исплашени од промената. Уверени се дека промената нема да го погоди македонскиот извоз. Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ не предвидува намалување на царините за земјоделските производи, за да се заштити домашното производство.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев