1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паѓа германскиот удел во светската трговија

ЕМФ/дв15 август 2013

Германскиот извоз е во пораст, исто како што и на еврозоната, најголемиот пазар за германски производи, и‘ оди подобро. Но на уделот на Германија на светскиот пазар му се заканува пад. Другите се едноставно побрзи.

https://p.dw.com/p/19QZE
Фотографија: picture alliance/dpa

„На лошиот период на германското извозно стопанство му дојде крај“ - вака звучи заклучокот на шефот на одделот за надворешна трговија на Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), Фолкер Трајер, од извештајот на коморите за надворешно трговско работење на 85 земји во светот. Според него, германскиот извоз во 2013 година ќе се зголеми за два, а во 2014 година за 4 проценти. „Сепак, порастот не е доволен за да се задржи германскиот удел во светската трговија“, коментира Трајер. Светската трговија е во период на надминување на слабата фаза. Таа годинава ќе експандира за 3,8, а во наредната година се смета со пораст од цели 6 проценти.

Според Трајер, листата со земји во кои Германија најмногу извезува останува стабилна. Кина, која во моментов е на петта позиција, губи на значење. Најважен пазар за германските производи останува Франција. Бизнисот со САД, кои по Франција се втор најважен муштерија, ќе расте. Веќе во 2015 година во САД би можеле да се извезат производи во вредност од над 100 милијарди евра. Во 2012 година, Германија во САД извезла производи во вредност од 85 милијарди евра. Најдобри шанси, според извештајот на ДИХК, има машиноградбата, а потоа следува еколошката техника.