1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пелози нов претседател на американскиот Конгрес

5 јануари 2007

Ненси Пелози од демократската партија, како прва жена во американската историја ја презема функцијата претседател на парламентот. Протоколарно трета функција по тежина во државата, по претседателот и заменик претседателот.

https://p.dw.com/p/AduJ
Ненси Пелози
Ненси ПелозиФотографија: AP

По 12 години мнозинство на републиканците, вчера се одржа конститутивната седница на новиот американскиот Конгрес, каде сега демократите ја преземаа власта. Со нивниот член Ненси Пелози за првпат во историјата на Америка на чело на парламентот застанува и жена.

Во нејзиниот прв говор по преземањето на функцијата Пелози го подвлече барањето на нејзината партија за повлекување на американските трупи од Ирак „Американскиот народ одби ангажман во Ирак со отворен крај. За кратко време претседателот Буш ќе треба да и се обрати на нацијата. Одоговорност на претседателот Буш е во новиот план за Ирак јасно да им каже на Ирачаните дека тие самите мора да си ги бранат своите улици и својата земја, план кој треба да

промовира стабилност во регионот и план кој ќе ни овозможи одговорно да ги повлечеме нашите сили.“

Веќе одамна се знае ставот на Пелози, која гласаше против војната во Ирак и против приватизација за социјалното осигурување во Америка. Таа уште им префрлува на републиканците корупција, а за претседателот Буш смета дека е некомпетентен и опасен. За републиканците пак Пелози е либерална вешетерка која се залага за истополови бракови и за построги правила за поседување оружје.

Но сега Пелози е на потег, па во нејзиниот прв вчерашен говор при преземањето на функцијата, сепак и покрај сите разлики се заложи и за вонпартиска соработка во парламентот.„Овој предизвик го прифаќам во духот на партнерство не ривалство – Во овој дом можебие им припаѓаме на различни партии но и служиме на една држава“ рече Пелози.

Сепак и таа знае дека иако сега користии термини како над партиски, за некои работи ќе мора да заземе цврст став, но за првите сто часа како прв претседалте жена, Пелози си постави друга цел „ Дозволете во првите 100 часа да го напревиме најчесниот и најотворен конрес во историјата.“ потенцираше Пелози