1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски и Силјановска се загреваат на социјалните мрежи

БГ
21 март 2019

Силјановска е како Иванов, а Пендаровски како Заев! Иако изборната кампања се уште не е започната двајцата водечки кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе се загреваат на социјалните мрежи и особено на Твитер.

https://p.dw.com/p/3FR1E
Mazedonien Gordana Siljanovska-Davkova Uni Professorin
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Додека во Државната изборна комисија денеска пристигнуваат имињата на кандидатите кои ќе ја трчаат претседателската трка, двајца од нив, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова веќе една недела на социјалните мрежи водат мала „војна“. Ни кандидатите, ниту нивните партиски штабови очигледно не дочекаа официјален почеток на кампањата, па веќе наголемо ги анимираат корисниците на Фејсбук и Твитер со своите политички идеи и, неретко, препукувања. Иако според ДИК, кандидатите не можат да водат кампања до први април, тие не само што секојдневно се среќаваат со гласачкото тело, туку на сите страни „фрштат“ и ветувања.

Со ретки исклучоци, Стево Пендаровски делува релаксирано и не возвраќа често на критиките од другата страна. Неговата Твитер кампања е фокусирана на фотографии и видеа од средби со граѓани на кои се повторуваат владините пароли и се испраќаат позитивни пораки во кои предничи акцентирањето на позитивните придобивки од членството во НАТО и ЕУ. Но има и исклучоци. Имено, во директен дуел со противкандидатката Силјановска-Давкова, Пендаровски досега влезе само еднаш:

На 17 март кога ја критикуваше дека не го осудила насилството во Собранието од 27 април 2017 година.

Два дена претходно, на 15, Пендаровски го „пецна“ и, се уште, актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов:

алудирајќи на тоа дека Иванов меѓу Албанците во Македонија ужива мала доверба. Критиките кон претходната власт и претседателот Иванов провејуваат во повеќе твитови на Пендаровски.

Основната порака од штабот на Пендаровски е дека тој ќе биде „претседател кој обединува“.

Кај Силјановска-Давкова, на Твитер е забележлива далеку поагресивна кампања со неколку иновативни решенија, како хаштагот „СтевоИзвини“, но и директни критики на работата и обид да се поврзе Пендаровски со актуелната влада. 

Притоа, забележливо, Силјановска одбива да го употреби новото име Северна Македонија, подбивно нарекувајќи го „тоа на С“.

Своите следачи на Твитер, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ги забавува и со дефиниците за „заевизам“:

И во однос на критиките од Пендаровски дека не го осудила насилството на 27 април, Силјановска возврати со критика:

Забележливи се разлики кај двајцата кандидати во однос на професионалната подготовка на твитовите и нивната илустрација. Додека кај Пендаровски е евидентно дека зад продукцијата на видеата и материјалите стои професионален тим, кај Силјановска преовладуваат фотографии кои не секогаш се со висок професионален квалитет, но ја претставуваат кандидатката во поприродно светло.
И кај двајцата кандидати одвреме-навреме провејуваат и „преџвакани“ партиски соопштенија со кои штабовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препукуваат на разни теми. Последниот таков случај беше оценката од СДСМ дека „Силјановска е иста како Ѓорге Иванов“. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека „Пендаровски и Заев се лице и опачина на една иста монета“.