1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Перо Антиќ како дебитант на „Ол Стар“ викендот

БГ/макфакс30 јануари 2014

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ ќе настапи во мечот на дебитантите на традиционалниот викенд на најдобрите во НБА лигата.

https://p.dw.com/p/1AzKw
Фотографија: Petr Stojanovski

Перо Антиќ, првиот Македонец кој заигра во НБА лигата, продолжува да испишува историја во најсилната кошаркарска лига на светот. Антиќ ќе биде учесник на „Ол Стар“ викендот, како еден од деветтемина дебитанти кои се избрани да играат на овој натпревар.

Антиќ, во моментов поради повреда не настапува за Атланта, но тренерите сепак решија да му упатат покана за настап на викендот на сите ѕвезди. Тренери на овие две екипи ќе бидат легендарните Шекил О’Нил и Чарлс Баркли. Тие ќе состават две екипи од играчите кои ја играат својата прва, односно втора сезона во НБА лигата.

„Им благодарам на соиграчите и луѓето од Атланта Хоукс. Горд сум што ќе го претставувам тимот и мојата земја Македонија во „Њу Орлеанс“, напишал Антиќ на својот Твитер профил.

„Ол Стар“ викендот, во НБА лигата ќе се одржи од 14. до 16.февруари во Њу Орлеанс.