1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Персонална вртелешка во Вашингтон

Карстен Шмистер7 јануари 2007

Американските демократи му дадоа сериозно предупредување на претседателот Џорџ Буш – на неколку дена пред обелоденувањето на стратегијата на Буш за Ирак, тие соопштија дека не е умно да се испраќаат нови американски војници и дека е време да се стави крај на ирачката војна. И додека демократите стануваат се погласни, Буш се обидува на вистинските позиции да постави вистински луѓе, за новата стратегија за

https://p.dw.com/p/AduH
Кондолиза Рајс, Џорџ Буш и Џон Негропонте
Кондолиза Рајс, Џорџ Буш и Џон НегропонтеФотографија: AP

Ирак да има успех.

За нова стратегија се потребни нови глави –според ова мото Џорџ Буш темелно го гради својот тим. Најголемата смена е онаа на досегашниот шеф на тајните служби и екс-амбасадор на САД во Ирак, Џон Негропонте. Тој треба да биде нов заменик-миистер за надворешни работи: ”Големото искуство на Џон Негропонте и неговата способност да ја процени состојбата во Ирак и состојбата во борбата против тероризмот, го направија топ-кандидат за оваа функција. Се радувам на нашата соработка. ”

Американските медиуми јавуваат дека се планирани и други промени на функциите во дипломатијата. Досегашниот американски амбасадор во Пакистан, Рајан Кокер треба да замине на служба во Багдад и да го замени таму Залмеј Калилзад, кој,пак, треба да дојде на местото на спорниот и од американскиот сенат никогаш непотврдениот амбасадор на САД во ОН, Џон Болтон.

Промени ќе има и во воените раководства во мисиите на Американците во Авганистан и Ирак.

Реакцијата на демократите, кои имаат мнозинство во конгресот, се движи од воздржаност до цинизам. Сенаторот Хари Рид, изјави:

”Претседателот мора да ја заврши работата во Ирак. Ќе направиме се за тој да дејствува соодветно на одговорноста што ја има.”

Или, јасно речено – ќе го следиме секој чекор на претседателот и ќе ја преиспитуваме секоја смена на функциите. За политичките набљудувачи, како Ед Хенри од СиЕнЕн, промените на персоналот покажуваат дека Буш прави последен обид да го реши проблемот Ирак, пред, со оглед на демократското мнозинство во конгресот, да стане бледа слика.