1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Петмината“ неединствени околу Иран

28 април 2006

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи денеска пред Советот за безбедност на ОН ќе го поднесе својот извештај за иранската нуклеарна програма.Но,не е на повидок единство на големите сили околу ова прашање.Вербалната престрелка во Њујорк веќе започна.

https://p.dw.com/p/Ae1y
Иранска нуклеарка
Иранска нуклеаркаФотографија: dpa

Откако иранската влада ниту ги одговори сите прашања од меѓународните атомски власти,ниту ја достави програмата за збогатување ураниум,никој во Њујорк не очекува изненадување од извештајот на Мохамед ел Барадеи.Барем американскиот амбасадор Џон Болтон уште сега знае што треба да следи во Советот за безбедност на ОН особено ако иранското раководство најави опстојување на атомската технологија:

-Тоа е токму причината поради која иранската влада претставува закана за мирот и светската безбедност.И поради која постои потреба од акции на Советот за безбедност,кои мора да ги започнеме веднаш по поднесувањето на извештајот.

А акциите,гласи желбата од Вашингтон,треба да биде резолуција според седмото поглавје на Повелбата на ОН:

-Резолуција според седмиот член значи обврзување за Иран на заклучоците од атомските власти.

Последниот заклучок на Советот за безбедност на ОН за Иран не беше резолуција според седмиот член,значи,меѓународно обврзувачки ултиматум,кој би овозможил казнени мерки,туку само барање до владата во Техеран.

Но,консултациите кои ги иницира Болтон и кои ќе почнат дури в среда зад затворени врати,и покрај веројатно негативниот извештај од Меѓународната агенција за атомска енергија,не навестуваат заканувачки потенцијал.Зашто,против санкции или воена акција се светските сии Русија и Кина,како што јасно нагласи кинескиот амбасадор Ванг Гуангуа:

-Дали се работи за санкции на светската заедница,на ооделна земји или на група,Кина нема да користи санкции и патем никогаш не ги прифаќа ни против себе.

Ванг стриктно ја одбива дури и заканата со Резолуција според седмиот член.Пекинг и Москва сакаат да им ги препуштат преговорите и натаму на меѓународните атомски власти,а досега не гледаат никаков прекршок на Иран на меѓународниот договор против користење атомско оружје.

За Ванг во случај на закана со санкции е јасно држењето на Кина:

-Кина како и сите светски сили само внимателно и конструктивно ќе го користи своето право на вето.Но,резолуција според членот 7 нема да ја исполни целта и да го придвижи Иран кон отстапки.Кина,Русија и светската заедница се разбира сакаат Иран да соработува со атомските власти.

Така се чини Советот за безбедност ќе се најде во ќорсокак.Зашто,и американскиот амбасадор Џон Болтон останува на своето:изјавите на иранскиот претседател се неприфатливи:

-Овде се покажува колку е неодговорен Иран и зошто тој според наше гледиште е голема опасност во ширењето на оружје за масовно уништување.

Според Вашингтон,остануваат два патишта:коалиција на согласните,но овојпат,како што вели американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс,само за санкции.Или,како во случајот со Северна Кореја:директни разговори со Техеран.