1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пет нови елитни универзитети во Германија

ЖА/ЕМФ/дпа15 јуни 2012

Во Германија во иднина ќе има 11 елитни универзитети. Со титулата елитни се закитија пет нови универзитети, а исто така пет испаднаа од првата лига.

https://p.dw.com/p/15FvW

Сега на листата елитни унверзитети се наоѓаат Хумболт универзитетот во Берлин, потоа универзитетите во Бремен, Дрезден, Келн и Тибинген, како и двата универзитети во Минхен, Слободниот универзитет во Берлин, како и универзитетите во Констанц, Хајделберг и Ахен.

Во оние кои испаѓаат од листата елитни универзитети на изненадување е и универзитетот од Карлсруе, кој поради постојано фалената соработка со неуниверзитетските истражувања е особено во фокусот на образовната политика. Досегашниот статус го загубија и Гетинген и Фрајбург, а со својот концепт за иднината не можеа да се пробијат ниту универзитетите во Бохум и Мајнц.

Универзитетите кои се наоѓаат на листата добиваат вкупно дополнителни 2,7 милијарди евра за истражувања.