1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Печурки како лек

16 јануари 2012

Печурките се полни со субстанци кои не секогаш се безопасни. Така на пример конзумот на само една отровна печурка може да биде смртоносен. Но, печурките може да имаат и лековито дејство.

https://p.dw.com/p/13kNn
Печурките имаат лековитo дејство, но важно е правилно да се дозираатФотографија: picture alliance/WILDLIFE

Традиционалната кинеска медицина и алернативната медицина на индијанците во Јужна Америка распознаваат голем број видови печурки, кои со векови се применуваат во т.н. микотерапија (терапија која базира врз дејството на печурките и од нив добиените екстракти, н.з.). Некои во меѓувреме се достапни и во Германија, и многу лекари и алтернативни медицинари ги препишуваат во форма на капсули. Во Германија печурките се сметаат како дополнување на исхраната и затоа без проблем можат да се купат и без рецепт. Се’ повеќе пациенти се третираат со микотеријата, меѓу нив и Бргите Шмит, која има хронично запаление на дебелото црево. Лошите вредности, кои ги покажуваше нејзиниот црн дроб, по терпаијата со помош на печурки целосно се нормализираа.

Маитаке, Пом-Пом, Шитаке и Реиши

Д-р Ји Хуанг, кинеска лекарка која има ординација по општа медицина во Хановер, многумина од нејзините пациенти ги третира со различни печурки, кои носат имиња како Маитаке, Пом-Пом, Шитаке или Реиши. Таа точно знае која печурка помага кај одредени тегоби. Спектарот е широк од кашлица преку астма, тромбоза или шеќер па се’ до зајакнување на имунитетот. Печурки дури се применуваат и во терапиите против стареењето.

Традиционална кинеска медицина со лековити печурки

Лековитите печурки се употребуваат во кинеската медицина повеќе од 3.000 години, дури и како превенција од рак. Третманот со производи од печурки станува се’ попопуларен и во западните земји, а ефектот од нив одамна е познат во алтернативната медицина. Свен Уве Коте од Хановер на своите пациенти им ги препишува пред се’ како капсули, кои содржат гранулат од печурки. Капсулите се земаат со многу течност. На тој начин најдобро набабруваат, оти во поинаков случај може да предизвикаат несакани дејства како мачнина, грчеви во желудникот или дијареа. Важно е вистински да се дозираат, вели алтернативниот медицинар.

Traditionelle Chinesische Medizin in deutschen Apotheken
Традиционална кинеска медицина во германските апотекиФотографија: DW/Yanyan Han

Предупредување од терапија на сопствена рака

Да се пронајде соодветната печурка и вистински да се дозира не е едноставно. Во Германија лековитите печурки се третираат како дополнување на исхраната, поради што податоци за медицински индикации и ветувања за терапевтско дејство не се дозволени. Лековитите печурки се нудат дури и на интернет. За вистински да се примени микотерапијата, неопходно е големо искуство, кое според д-р Ји Хуан им недостасува на многу германски лекари. Оваа форма на терапија во Кина постои преку 3.000 години, и соодветно на тоа таму и искуството е големо.

Puppenkernkeulen oder Cordyceps
Во Германија лековитите печурки во моментов имаат споредна улогаФотографија: picture-alliance/dpa

Пеницилин благодарение на печурка

Научно погледното, базата со податоци во Германија е мала. Кога се појавуваат студии тие доаѓаат најчесто од Азија. Тие најчесто ветуваат добри терапевтски резултати и шанси за оздравување. Со печурките се намалува крвниот притисок, се користат против тумори или за зајакнување на имунитетот. Печурките содржат и редица интересни супстанци: пеницилинот, мајката на сите антибиотици потекнува од печурка. Исто така и циклоспоринот, без кој трансплантационата медицина би била невозможна.

Во меѓувреме печурките на големо се одгледуваат на плантажи, оти побарувачката е голема. Но, дали делуваат или не и кои несакани дејства ги предизвикуваат, за овие прашања консументите се препуштени сами на себе, оти лековитите печурки во Германија во моментов играат споредна улога.

Автор: Гудрун Хајсе/ Михаел Енгел/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски