1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Планиран американски ракетен штит во Романија

14 септември 2011

Вашингтон и Букурешт потпишаа договор за распоредување на елементи од американскиот противракетен штит на романска територија.

https://p.dw.com/p/12YnD
Потпишувањето на договорот од страна на САД и РоманијаФотографија: dapd

Договорот е потпишан во Вашингтон за време на вчера започнатата работна посета на претседателот на Романија, Трајан Басеску на САД. Претседателот на САД Барак Обама го поздрави својот романски колега Трајан Басеску по потпишувањето на договорот. Спогодбата е израз на подготвеноста на претседателот Басеску да соработува во зацврстувањето на НАТО и да гарантира дека сојузниците се способни да ги пресретант заканите на 21 век, се наведува во соопштение на Белата куќа.

Според договорот на територијата на воената база Давеселу во јужниот дел од Романија ќе бидат распоредени елементи на американскиот систем за противракетна одбрана, вклучувајќи го радарскиот комплекс „Иџис“, центар за оперативно управување со ПРО и мобилни батерии со ракетни пресретнувачи СМ-3 „СДандарт-3“. Системот ќе го одржуваат околу 200 американски војници.

Автор: ЖА/ АТ/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска