1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Плановите на Шојбле за фискална унија

АТ/ дпа/ ртр/ дапд17 октомври 2012

Министерот за финансии Шојбле притиска за европска фискална унија. На средбата на ЕУ тој има намера да ги изнесе предлозите, според кои би се зајакнале позициите на комесарот за монетарна политика и парламентот на ЕУ.

https://p.dw.com/p/16RHH

За долгорочно решение за европската должничка криза германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле потегна нова иницијатива за брза постапка на менување на договорите во ЕУ. „Мораме сега да направиме големи чекори во правец на фискална унија“, изјави Шојбле.

Политичарот од Христијанско-демократската унија имено се залага за тоа комесарот за монетарна политика на ЕУ да добие поголемо влијание. Тој би требало да има исто толку компетенции како и бриселскиот комесар за заштита на конкурентноста и да може да ги враќа буџетите на секоај земја во националните парламенти. Комесарот би требало да добие и можности за засилено делување врз земјите при постапките за дефицит. Освен ова би требало да добие ингеренции самиот да донесува одлуки и да немора да се усогласува со колегите во Комисијата, бара Шојбле.

Друг елемент за кој се залага германскиот министер се пофлексибилни одлуки на Европскиот парламент. Така на пример при носење на одлуки, кои се однесуваат само на одредени групи од еврозоната или државите на Шенген  во иднина да може да гласаат само пратениците од директно погодени земји членки.

За вакви инситутицонлани реформи би морале делумно да бидат сменети и европските договори. Берлин има намера ова да го иницира уште на самитот неделава и во најдобар случај на самитот во декември би се свикал т.н. Конвент на ЕУ, кој е неопходен за промена на европските договори.

Шојбле својот план веќе го претставил пред еврогрупата. Неговите претстави се поклопуваат со ставовите на канцеларката Меркел, вели министерот. „Германската канцеларка и министерот за финансии секогаш се на иста линија“. Но, по некои точки Шојбле сепак оди подалеку: „Канцеларката е попретпазлива од мене и затоа поуспешна од мене.“

Deutschland Finanzminister Wolfgang Schäuble in Berlin
Волфганг Шојбле - министер за финансии на ГерманијаФотографија: dapd

Брисел реагира воздржано

Во Комисијата на ЕУ предлозите на Шојбле наидоа на воздржажност. За барањата на министерот за финансии за повеќе ингеренции за комесарот за монетарна политика, портпаролка на претседателот на Комисијата на ЕУ изјави: „Веќе имаме супер-комесар, кој е супер-вицепретседател, тој се вика Оли Рен“. Освен тоа таа укажа и на предложените реформи од страна ма Жозе Мануел Баросо.

На позитивно ехо плановите  на Шојбле за еден вид „парламент на евро-групата“, наидоа кај претседателот на ЕП Мартин Шулц. Тој до парламентот ќе доставел соодветни предлози, изјави Шулц за новинската агенција дпа. Шулц меѓутоа ги одби предлозите на Шојбле на Комисијата на ЕУ да и се дозволат поголеми ингереции за интервенции во националните буџети. „Со сигурност не смее да има европски министер за финансии, кој може да го релативира буџетското право на земјите членки. Ако воопшто, тогаш тоа треба да оди само со демократска легитимација“, изјави Шулц за венсникот „Ди Велт“. „Ако значи националните парламенти и ЕУ парламентот се спогодат на цврсти критериуми, тогаш такво право за интервенции и може да се замисли“.

Предлозите на Шојбле се и реакција на предлозите на четворицата европски претседатели, на Комисијата, на Европската централна банка, на Европскиот совет и на Еврогрупата за натамошен развој на Унијата. Според гледиштето на Шојбле овие концепти не одат доволно далеку: „Моите размислувања одат во правец: Европа е комплицирана“. Тоа мора да се смени за да се поврати довербата, смета Шојбле.