1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Платениците не можат да направат раздор во ИВЗ“

9 септември 2010

По едномесечните рамазански пости во целиот муслимански свет, и во Македонија денеска започна прославата на големиот муслимански празник Фитер Бајрам.

https://p.dw.com/p/P7m3
Фотографија: Sveto Toevski

Поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, реис ул улемата Сулејман Реџепи од денешната централна прослава на муслиманскиот празник Фитер - Бајрам за Македонија во новата Кади - џамија во тетовската приградска населба Мала Речица упати порака:

„Оние кои се плаќани однадвор не успеваат да внесат раздор меѓу верниците и институциите на Исламската верска заедница на Македонија. Напротив, во неа владее единство како никогаш досега“, изјави Сулејман Реџепи.

Ramadan Mazedonien Islam Fastenmonat
Поглаварот на ИВЗ, Сулејман РеџепиФотографија: Sveto Toevski

Во врска со обидите на групата обвинети за дејствување од позиции на вахабизмот и муслиманскиот радикализам, поглаварот Реџепи кажа:

„Ако мислите на поединци, кои што креваат врева одвреме-навреме заради личните и групни интереси, Исламската верска заедница се дистанцира од нив и нема ништо заедничко со нив. Тие нека се враќаат во местата од каде што ги плаќаат. Овде постои вековна институција на муслиманите, која е уставна категорија во државата. Односите во Исламската верска заедница се расчистени уште на стартот, во неа нема никакви нерасчистени односи. Не постои никаква неслога. ИВЗ е единствена како никогаш досега во своите редови, вклучувајќи ги своите органи и институции, а верувам дека и верниците се заедно со институцијата, која се вика ’Исламска верска заедница на Македонија.’“

Ramadan Mazedonien Islam Fastenmonat
Фотографија: Sveto Toevski

Повик за меѓуетничка и меѓуверска толеранција

Сепак, беше забележливо засиленото обезбедување околу реис ул улемата Сулејман Реџепи. Од минарето на Кади – џамијата денеска изутрината имамот повика на меѓуетничка и меѓуверска толеранција:

„Хармонијата меѓу етникумите и верите во оваа земја треба да биде причина за инспирација на душата, за да се работи заедно, со заедничко почитување меѓу сите.“

Пригодни Фитер - Бајрамски поздравни обраќања пред големиот број муслимански верници имаше и на македонски и турски јазик.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Жана Ацеска