1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Плочи, флаери, списанието „Браво“... сведоци на своето време

5 декември 2010

Во Берлин постои место, каде денес постарите може да се потсетат на минатите времиња - тоа е архивот на културите на младите. Тој е сведок на се’ што ги придвижува и воодушевува младите - единствена збирка во Европа.

https://p.dw.com/p/QOhC
„Браво“ некогаш и денес

Клаус Фарин прелистува „Браво“ со црно-бели фотографии на насловната страна. Тоа е првиот број на списанието за млади од 1956 година. Сместено е во еден од многуте регали во архивот на културите на младите, кој се наоѓа во населбата Кројцберг во Берлин. Од 1998 година Клаус Фарин собира и архивира се’ што ги придвижува младите, меѓу сите предмети и списанија „Браво“:

„Искрено кажано никогаш не читав ’Браво’. Тогаш повеќе беше списание за девојчиња. Ние момчињата сметавме дека тоа е срамно.“

Fotos Deutschmobil Montreal
Фотографија: DW

Покрај „Браво“ во регалите има многу други списанија, магазини, плочи, ЦД-а, исто така маички, беџови, налепници и флаери, кои ги архивирале Клаус Фарин и неговите соработници, волонтери. Посебна збирка претсавуваат околу 30.000 фанси - магазини, кои фановите ги пишуваат за фанови. И самиот Фарин, кога имаше 14 години беше дел од училишен весник, од него сега во архивот има 8.000 броеви. Нешто подоцна, кога стана новинар кај него се разбуди интерес за културата на младите: „Почнав кога имав 17 години, и на таа возраст нормално повеќе се интересираш за културата на младите отколку за работи што ги интересираат старите. Можеби во иднина тоа ќе се смени. Значи, јас многу истражував, собирав и забележав дека недостасува место, каде можеш да се информираш. Потребата беше очигледна, па затоа решив самиот да го создадам тоа место.“

Фарин, иако има 52 години, и натаму работи во својот архив и го задржа интересот за културата на младите. Тој држи предавања, работилици, пишува и издава книги за културата на младите. Негова тема е пред се’ десниот екстремизам. Но, тоа не е единственото движење, за кое во архивот се кријат многумина тивки сведоци: „Се разбира тука се наоѓаат многу други култури на младите од рок, преку панк и скинс, до готик, техно и хип-хоп. Но, и новите сцени, или барем оние кои неодамна повторно се појавиле. Сето она што пристигна од Јапонија, на пример од манга преку аниме - приказни до емоси, и за тоа може да се најдат одредени работи.“

Во 70 години, во својата младоста Фарин беше дел од панкерската сцена, доминантна култура. Таква денес не постои. Клаус и неговите соработници бараат сведоци за старите и нови култури преку интернет и по пазари за стари работи. Понекогаш се случува некој да ги донира своите стари списанија или музички збирки. Меѓутоа некои стари дела не се наоѓаат така лесно: „За нашата библиотека одамна ги бараме т.н твин-магазини, комерцијални списанија од 60-тите години.“

Ton Steine Scherben live 80er Jahre
Ton Steine Scherben liveФотографија: picture-alliance / jazzarchiv

Архивот поседува и вистински вредни парчиња: потпишана плоча на музичкиот колектив „Тон, штајне, шербен“ или првата плоча на Гренемајер. Од нив никогаш нема да се откаже, вели Клаус Фарин, кој сепак не може да се одлучи што му е најомилено: „Старите работи, списание за панк од Малезија. такво нешто нема секој. Или на пример првите изданија на ’Браво’ или сајнс фикшн магазините од 50-те години. Неколку училишни весници од 50-те години, значи раритети.“

Кај многу ученците списанието „Браво“ е омилено. За нив архивот нуди и проекти против десната сцена, но и хип хоп танцување и битбоксинг. Освен учениците, збирката ја користат пред се’ научници, режисери, полицајци, наставници и родители: „Всушност, секој кој сака нешто да дознеа, на пример дали сите скинхедси се десни радикали или дали Бушидо е опасен? или дали кај ќерка ми постои опасност од самоубиство, оти е емо?“

Колку долго архивот ќе може да одговара на овие прашање, не се знае, оти досега се финансираше преку сопствена издавачка куќа. Но, тој станува се’ поголем и со тоа и поскап. Клаус Фарин сега се обидува да го спаси архивот преку фондација, но за тоа му недостасуваат 35.000 евра. Сепак, токму признанието што го добива неговиот архив денес, нему му е голема мотивација да продолжи.

Автор: Сонја Гилерт/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев