1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на опозицијата во Полска

22 октомври 2007

Досегашниот премиер Јарослав Качински, на предвремени парламентарни избори во Полска претрпе значителен неуспех. Либералната „Граѓанска платформа„ на Доналд Туск, освои 43,6 проценти од гласовите.

https://p.dw.com/p/BtLM
Славје на победничкиот табор на Доналд ТускФотографија: AP

Туск ги повика Полјаците на заедништво и го исткана рекордното учество на изборите од преку 55 насто:

„Им благодарам на сите што и’ покажаа на Европа дека Полска може да ги совлада и најтешките проблеми и дека може да преземе одговорност. Во овој случај, со големото учество на изборите, најголемо од сломот на комунизмот, ја потврдивте посебната одговорност за својата татковина„, изјави победникот Туск по објавувањето на првите неофицијани резултати.

Неговата партија ,според првите пресметки, освои меѓу 43,7 и 44,2 проценти од гласовите, додека партијата на Качински „Право и правда„ доби само меѓу 30,4 и 31,3 проценти. На третото место се најде централно-левиот сојуз на левицата и либералите на поранешниот претседател Александар Квашњевски со освоени 12,2 до 13,3 насто. Влез во парламентот обезбеди и селанската партија со околу 8 проценти освоени гласови. Според сегашните резултати, Граѓанската платформа ќе располага со 227 места во парламентот кој има вкупно 460 мандати.

Се уште актуелниот премиер Јарослав Качинкси им честиташе на победниците и најави дека заминува во опозиција што ќе биде тврда и ќе ги застапува ветувањата дадени во кампањата. Претседателот Лех Качински се уште не се огласи за тешкиот пораз на неговиот брат близнак, што експертите го гладаат и како изјаснување против претседателот на државата.

Јачек Сиријуш-Волски од победничката Граѓанска платформа, задолжен за надворешна политика, по објавувањето на првите резултати, изјави:

„Овој резултат значи дека Полска се реши за модерна земја, дека Полска се враќа во Европската унија. Тоа значи активна надворешна политика и нејзино присуство. Никакво одбивање или колебање, туку активно учество во европската политика и во меѓународните сојузи„.

Изборите во Полска со внимание беа следени и во странство. Пред се кај полските партнери во Европската унија, однесувањето на Качински предизвикуваше незадоволство. Под браќата близнаци посебно се влошија односите со Германија.