1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на стабилократот Вучиќ

Норберт Мапес-Нидик
22 јуни 2020

Со 63 проценти за Вучиќ, Србите изгледа гласаа за стабилност. Изгледа дека опозицијата во целост е поразена, исто и коронавирусот. Норберт Мапес-Нидик коментира.

https://p.dw.com/p/3e8bX
Wahlen in Serbien
Фотографија: Reuters/M. Djurica

Додека светот лудува, токму во срцето на Балканот очигледно владее мир и задоволство. Со децении се велеше дека државите од потресениот регион ќе се смират дури кога ќе имаат цврст курс во правец Европа, демократија и правна држава. Изгледа дека тоа било грешна претпоставка. 

Србија изгледа дека си дојде на себе со авторитарниот Александар Вучиќ. Наместо да се ‘шлепа’ на опашот на танкерот Европска унија, претседателот со цврста рака го води државниот брод низ карпите од разбранетото светско море. И на сите им демонстрира како безбедно се стигнува на мирниот брег: веќе следната недела сака да ја посети Белата куќа во Вашингтон, да прослави „помирување” со Косово или барем „да отвори ново поглавје”. Не гарантира безбедност и ред ниту Европа, ниту Ангела Меркел. Тоа сега го прават Александар Вучиќ и да не ти се верува - Доналд Трамп. Тешко за верување, а и добро што е така. 

Апарат за моќ СНС

Погрешно е самиот неверојатен резултат да се интерпретира како доказ за довербата на народот во претседателот. Неговата Српска партија на напредокот не е сила во плуралистички систем, каде партиите со идеи и аргументи си конкурираат за гласачи. Таа не е една од многу, туку таа е партијата: апарат за моќ како што порано беше Комунистичката партија.

Кој сака работа, кој сака налог за својот бизнис, кој како локален политичар сака даночни средства за својата општина, тој мора да се договори со сеприсутната власт.

Со 730 илјади членови СНС е најголемата партија во Европа, не во релативни, туку во апсолутни бројки и тоа во земја која има едвај повеќе жители од германската покраина Хесен. Кој благодарение на партијата има работно место или позиција, а тоа во Србија се речиси сите, се знае дека треба да гласа за неа оти ако партијата изгуби, изгубена е и работата. Затворен систем кој во предизборни кампањи уште повеќе се затвора. Активисти се јавуваат на сите членови и симпатизери кои нешто ѝ должат на партијата и навидум без притисок ги прашуваат за кого би гласале. А, така кој не би ја искажал со радост својата приврзаност? 

Повеќе:

Избори во Србија: Има ли друг освен Вучиќ?

Мас до Белград и Приштина: Ако сакате во ЕУ, ќе преговарате со ЕУ

САД сакаат да поентираат на Балканот

Размена на територии - опасен погрешен пат

Својата моќ партијата ја има градено по системот на генералштаб - со мали субвенции, донации за локални радија, услуги за градоначалници, великодушни тендери. Неприметливо растеше нивото на моќта и пред да се свестат многуте конкуренти беа потонале. Пред само неколку години поранешниот пулен на Милошевиќ дојде на власт како вицепремиер. Денес двометрашот штрчи над сите други. Опозиција веќе не постои. Социјалистите со околу 11 проценти се втора најсилна партија и соиграчи, како во Источна Германија партиите од блокот или во Југославија Социјалистичката сојуз на работниците.

Тактизирање

Системот е стабилен – толку стабилен како комунистичкиот. Може да се функционира само ако има што да се прости или подели. Благодарение на тактизирањето ова е сѐ уште случај: грантовите од ЕУ и инвестиците од Кина ѝ овозможија на Србија пред корона-кризата заедно со Романија да бидат земји со највисок раст во регионот, а и предвидувањата се дека последиците од пандемијата ќе бидат многу помали во однос на другите. Инвеститорите ја проценуваат земјата: семоќната партија им овозможи „едношалтерски“ систем. Лиценци не се проблем, не се очекуваат ниту проблеми.

Norbert-Mappes-Niediek - Korrespondent mehrerer deutschsprachiger Zeitungen in Südosteuropa
Норберт Мапес-Нидик Фотографија: L. Spuma

Против Ковид 19 Србија воведе поголеми рестрикции од било која друга земја во Европа: полициски час од 17 часот напладне до пет часот наутро и целосен карантин за сите над 65 години со драконски казни. Но, за разлика од луѓето, вирусот не е заплашен од силната држава и се храни со опустошените социјални услови: по првиот успех, бројот на заразени повторно расте, особено во студентските домови каде луѓето се сместени на мал протор. До изборниот ден оваа тема се туркаше под тепих. Датумот, се чини, беше совршено избран.

Господари во сопствената куќа

И стабилноста кон која сега оди Вучиќ е од ист вид: сега кога не останува никој кој може да му се спротивстави, па дури ја диригира и црквата, претседателот е слободен конечно да си го реши и  незгодното косовско прашање – на свој начин.

Веќе две години Вучиќ се расправа со неговото албанско алтер его, Хашим Тачи за размена на територии меѓу Србија и Косово. Не станува збор за вистинско помирување, за справување со минатото, за олеснето секојдневие, за социјално приближување. Ефектот би бил сосем спротивното: со нивното омилено решение двајцата лидери би станале господари во сопствените куќи и без потреба да се замараат со правата на проблематичните малцинства. Тоа што Трамп игра миротворец одлично се вклопува во сликата: неговата политика е да ги замени меѓународни правила преку билатерални „дилови“ меѓу силни лидери. Ако маневарот придонесува да се вознемират Европејците: дотолку подобро.

63% се одличен успех. Но, со стабилноста во Европа, таква е работата. „Сѐ беше засекогаш, додека повеќе не беше,“ го сумираше искуството на својата генерација руско-американскиот автор Алексеј Јур

Норберт Мапес-Нидик
Норберт Мапес-Нидик Норберт Мапес-Нидик, 1953, е германски новинар и автор на повеќе книги за Балканот.