1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победија партиите блиски до Кремљ

12 март 2007

Како и што се очекуваше, на регионалните избори во Русија победија партиите блиски до Кремљ и претседателот Путин. Изборите кои се одвиваа во 14 региони се сметаат за генерален тест пред годинешните парламентарни и претседателските избори во следната година. Но, опозицијата повторно се соочи со проблеми, вели во својот извештај Херман Краузе.

https://p.dw.com/p/Adsk
Пребројувањето на гласови трае
Пребројувањето на гласови траеФотографија: AP

Партијата Единствена Русија, блиска до Кремљ победува на регионалните избори во земјата. Во зависност од регионот таа има освоено од 29% до 63% од гласовите. Првичните резултати покажуваат - на второ место е уште една партија блиска до претседателот Путин, Праведна Русија. Се гласаше во 14 региони. На листата беа и Москва, регионот Самара на Волга, Мурманск на северот, областа Омск во Сибир и Дагестан во Кавказот. Но уште пред да почнат,изборите беа засенети поради одредени одлуки. Во Санкт Петерсбург, на пример, властите се погрижија на изборната листа да не се најде опозиционата партија Јаблоко. Сергеј Попов од оваа партија вели:

„Според нас, недозволувањето на партијата Јаблоко да учествува на изборите е политичка наредба од горе. Кај нас за едни партии се олеснува изборната кампања, а за други се прави невозможна. За да учествуваш на изборите мора да платиш кауција или да собираш потписи“.

Јаблоко не можело да ја собере бараната сума од три милиони долари, па поради тоа партијата собрала потписи. Но, надлежните органи утврдија дека листата била фалсификувана и Јаблоко е исклучено од изборите. Иако потписниците дошле да се идентификуваат со пасоши, одлуката остана непроменета. Примери за спречување на опозијата да биде дел од изборите се регистрирани и во други региони.

Инаку овие избори се сметаат за генерален тест пред годинешните парламентарни и претседателските избори во следната година.