1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победи на гости на германски преставници во Купот на УЕФА

21 октомври 2005
https://p.dw.com/p/AekC
Рафаел ван дер Ваарт
Рафаел ван дер ВаартФотографија: dpa

Германските екипи успешно ги започнаа натпреварите по групи во Купот на УЕФА, иако сите гостуваа.

Хамбургер во Софија ја победисо 1 спрема 0 домашната ЦСКА, која во претходната фаза од Купот на УЕФА го елиминира Баер од Леверкузен. Прекрасен гол со неодбранлив удар од 30-ина метри постигна холандскиот интернационалец Рафаел ван дер Ваарт. Нареден противник на Хамбургер е норвешкиот тим Викинг од Ставангер, кој синоќа приреди изненадување со победата над финалистот во Лигата на шампионите во 2004-та Монако со 1 спрема 0. Во А-групата во ова коло беше слободна Славија од Прага.

Херта Берлин пред само 2136 гледачи на големиот стадион во Гетеборг го победи домашниот Халмстад со 1 спрема 0, со голот на Ноендорф во второто полувреме. Натпреварот донесе слаб фудбал. Херта во наредното коло е слободна. Во нејзината Ц-група Стеауа во Букурешт го совлада францускиот тим Ланс со 4 спрема 0.

Победата на Штутгарт над францускиот претставник Рен со 2 спрема 0 може да дејствува како пресвртен момент за излегување од спортската криза. Гостите од Германија доминираа на средбата, но отпорот на тимот на Рен го скршија дури во финишот. Стрелци на головите се Томасон во 87-та и Љубоја од пенал во 90-тата минута. Штутгарт во наредното коло ќе го пречека Шахтјор од Доњецк, кој вчера го победи ПАОК од Солун со 1 спрема 0. Во Г-групата уште е и тимот на Рапид од Букурешт, кој на стартот беше слободен.

Во средбите од другите групи нема изненадување што би требало посебно да се издвои.

Зоран Јордановски