1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе од 100 ирански пратеници поднесоа оставки

1 февруари 2004

Повеќе од една третина од пратениците во парламентот на Иран денеска поднесоа оставка во во знак на протест поради одлуката на Врховниот Совет на чуварите на револуцијата , да не им дозволи на реформски настроените кандидати учество на претстојните парламентарни избори во земјата закажани за 20 февруари. Оставки досега поднесоа 109 пратеници-реформисти кои имааат мнозинство во актуелниот состав на иранск

https://p.dw.com/p/AcQK

�от парламент.

"Сега кога тоталитаристите одлучија да го елиминираат републиканизмот а со самото тоа и Исламот , обидувајќи се да формират послушен парламент , ние немаме друг избор освен да поднесеме оставка"- изјави денеска афирмираниот реформист и парламентарец Мохсен Мирамади во говорот пред парламентот, со кој ги најави оставките во името на останатите свои 108 колеги.

Овие оставки претставуваат ескалација на една од најголемите политички кризи во Иран , која започна откако Државната Комисија за контрола на изборите , која беше формирана од Советот на чуварите на револуцијата- религиозно-политичко тело кое го има последниот збор во иранската државна политика ,ги отфрли кандидатурите за претстојните парламентарни избори на преку 2000 реформски ориентирани политичари.

Образложението на Комисијата за отфрлањето на кандидатурите гласеше-Недоволно почитување на Исламот и Уставот. Иранскиот претседател Мохамед Катами, кој и самиот е реформист го обвини врховниот Совет дека на ваков начин се граба за поголема власт во земјата.

Пратениците кои денеска поднесоа оставки најавија и оти нема да учествуваат на изборите обвинувајјќи дека религиозните лидери сакаат да го затскријат тдиктаторското тело со убава демократска облека. Во меѓувреме министерот за внатрешни работи Абдулвахет Мосави-Лари побара од Врховниот совет кој е составен од 12 религиозни лица и исламски судии , да се согласи на одложување на изборите. Инаку денешната седница на иранскиот парламент се одржува на денот кога во Иран се одбележува 25 годишнината од враќањето во земјата од егзилот во Франција на таткото на Исламската Република , Ајатолахот Рухола Хомеини.