1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе сопствен капитал против банкарската криза?

14 октомври 2011

Американската агенција за кредитен рејтинг - Фич, остро критикуваше многу европски банки. Дури и Дојче банк наскоро би можела да добие лоши оценки. Изгледа дека едно нешто е јасно: на банките им се потребни пари.

https://p.dw.com/p/12rro
Црни облаци надвиснати над банкарскиот сектор во ЕвропаФотографија: picture alliance/dpa

Таа е првата жртва на новата актуелна банкарска криза - големата француско-белгиска банка Дексија. Таа западна во неволја зашто беше силно ангажирана во Грција. Но и други банки инвестирале многу пари во кризните држави како Италија, Ирска, Португалија, Шпанија и Грција. Значи, онаму каде што државните обврзници веќе не се безусловно сигурни.

Belgien Frankreich Finanzkrise Dexia
Влезот во седиштето на Дексија, која прва настрада во кризатаФотографија: AP

Германската Комерцбанк, на пример, има такви обврзници во своите книги во вредност од 14,7 милијарди евра, француската Сосиете Женерал има инвестирано 4,7 милијарди во кризните држави, а Дојче Банк - 3,4 милијарди евра.

Со цел да можат да ги ублажат загубите во кризните земји, банките треба да го зголемат сопствениот капитал - на 9 проценти.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Дагмар Циндел/ Симе Недевски

Редактор: Е.М.Фиданоска