1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повик до турските бизнисмени за поголеми инвестиции во Македонија

Исмет Кочан16 ноември 2006

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски кој денес претпладне ја завршува повеќедневната официјална посета на Турција,со домаќините во Анкара имаше сериозни разговори околу проширувањето на економската соработка.

https://p.dw.com/p/Adb0
Капали чаршија во Истанбул
Капали чаршија во ИстанбулФотографија: dpa

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски им упати отворен повик на турските бизнисмени да инвестираат поагресивно во Македонија. Меѓутоа за отсуство на поофанзивен настап на турските инвеститори во Македонија постојат повеќе причини и во одредена мерка различни гледања од турската и од македонската страна.

За инвестиции недостасува поддршка од страна на Македонија

Овој проблем беше една од клучните теми на преговорите на престедателот Црвенковски со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан во Анкара, а интерсесни опсервации за ова прашање искажаа и преставниците на здруженијата на иселениците и бизнисмените со потекло од Македонија. Тие на Црвенковски му се пожалија на отсуство на поголема македонска подршка и олеснувања при формирање на турски фирми како и на комплицираната процедура за инвестирање.

На средбата со македонскиот претседател во Истанбул, тие истакнаа дека не треба да се доведуваат во прашање нивните нескриени и искрени чуства кон некогашната татковина и подготвеноста за инвестирање во неа но нагласија дека еден од потикнувачките елементи за поголемо инвестирање би било стекнувањето со двојно државјанство.

Потребна е мотивација за поголеми инвестиции во Македонија

Претседателот Црвенковски кој во преден план на натамошниот развој на економските политичките и културните односи меѓу двете земји го стави како што истакна здравиот мост што го сочинуваат припадниците на турското малцинство во Македонија и македонските иселенци во Турција на овој проблем гледа низ следна призма „Една од главните теми кои што ги дискутиравме со премиерот Ердоан беше токму економската соработка, морам да кажам дека тука се повторува една слабост во подолг временски период кога бројките од наша страна и бројките од некоја друга држава не се поклопуваат во вкупната трговска размена. Според наши статистики вкупната трговска размена се движи 160-170 милиони долари на годишно ниво, вчера од турска страна беа изнесени податоци дека е тоа повеке од 200 дури до 250 милиони долари. На крајот на краиштата тоа е помалку битно и тоа од аспект на дисциплината во евидентирањето на сето она што влегува или излегува од Македонија. Меѓутоа она на што посебно посветивме внимание синоќа со премиерот Ердоан беше како да ги мотивираме турските компании да инвестираат повеќе во Македонија. Бев информиран од негова страна дека веќе е во тек еден процес од страна на турската влада каде што ќе ги охрабри и потикне не само политички туку и на други начини асоцијациите на турските компании и бизнисмени да инвестираат повеќе на просторот на Балканот генерално и со посебен акцент на Македонија.Она што се бара од наша страна е да утврдиме јасни правила на игра.“