1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторна пат – позиција во Украина!?

2 октомври 2007

Додека во Киев се добројуваат задоцнетите гласачки ливчиња, политичките партии веќе преговараат зад кулисите.

https://p.dw.com/p/Bluv
Јулија Тимошенко: ќе успее ли да формира нова влада?Фотографија: AP

Се чини дека се можни повеќе коалиции, при што на спротиставени позиции се наоѓаат секако про-западните демократски сили околу Јулија Тимошенко и претседателот на државата Виктор Јушченко од една страна и про-рускиот табор со досегашниот премиер Виктор Јанукович на другата страна.

Актуелната состојба утринава по пребројувањето на 94% од гласачките ливчиња е следната: најсилна политичка партија е онаа на досегашниот премиер Виктор Јанукович со 34,2% од гласовите. Опозициониот блок на Јулија Тимошенко, кој вчера долго време беше во водство, утринава располага со само 30,8 проценти. Партијата на нејзиниот сојузник Виктор Јушченко, пак, добила 14,3%.

Погледнато според блоковите на политичките коалиции од пред изборите, во водство е блокот демократски сили на Тимошенко и Јушченко, кој заедно располага моментално со 45 проценти од гласовите. Про руската Партија на регионите на премиерот Јанукович заедно со Комунистичката партија како природен сојузник доаѓа на околу 40%. Она што е нејасно е прво, дали социјалистичката партија воопшто ќе влезе во новиот парламент, бидејќи е блиску до границата од 3%. А второ, кон кој политички блок ќе се приволи партијата на поранешниот претседател на украинскиот парламент Владимир Литвин.

Така во моментов обата политички табора се прогласуваат за победници и најавуваат владини коалиции:

“Во Парламентот партиите Наша Украина и блокот на Јулија Тимошенко ќе имаат мнозинство гласови. Сите кои сакаат да ни се приклучат имаат добра причина за тоа и ќе ја добијат нашата политичка поддршка“ - порача претседателот на партијата Наша Украина, Јури Лузенко.

Досегашниот премиер Јанукович од спротивниот блок пак порача:

“За прв пат во историјата на Украина народот ја поддржа партијата на власт. Јас сум уверен дека повторно ќе создадеме влада и тоа влада од доверба за народот и влада на национално единство.“

На премиерот Јанукович за формирање влада меѓутоа ќе му биде неопходна поддршка на се уште неопределениот Владимир Литвин, чија партија освоила околу 5 проценти од гласовите. Портпаролот утринава порача:

“Ќе соработуваме со оние кои ќе ги прифатат нашите цели. Ќе преговараме како со Јулија Тимошенко, така и со Виктор Јанукович. Можна е соработка со сите!“

Лидерот на опозицијата Јулија Тимошенко веќе даде до знаење дека не би прифатила соработка со партијата на Литвин. Пред се‘ затоа што тој беше претесдател на украинскиот парламент уште во времето пред портокаловата револуција. Освен тоа Литвин го бара од напред повторно местото претседател на Парламентот.

Каков и да биде исходот на битката за формирање владеачка коалиција, едно е сигурно: предвремените избори не ги остварија очекувањата да донесат јасна ситуација во земјата и да ја извлечат од политичката криза. Украина по нив е напротив уште подлабоко политички поделена!