1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно безредија во Египет

5 февруари 2012

Демонстрантите и полицијата во Египет повторно имаа жестоки судири. Во близина на Министерството за внатрешни работи во Каиро се водеа улични борби.

https://p.dw.com/p/13xK5
Народот бара побрзи демократски промениФотографија: dapd

Во Каиро демонстрантите фрлале со камења врз полицијата. Безбедносните сили пак, употребиле солзавец и гумени куршуми против учесниците во протестите. Ноќеска, според извештај на државната телевизија, во главниот египетски град била запалена зградата на службата за финансии. Во протестите против египетската влада кои траат веќе четири дена во Каиро и во Суец, според официјалните информации, досега загинале 12 луѓе. Повеќе од 1.200 луѓе се ранети. Причина за избувнувањето на демонстрациите беа безредијата за време на еден фудбалски натпревар во градот Порт Саид. Во нив во средата (01.02) загинаа 74 лица. Тоа беше една од најкрвавите недели од почетокот на бунтот против поранашениот властодржец Хосни Мубарак.

Ägypten Krawalle Kairo Proteste Ausschreitungen
Фотографија: dapd

Во странство настаните во Египет предизвикуваат се‘ поголема загриженост поради можноста ситуацијата да излезе од контрола. Луѓето во земјата бараат побрзи промени. Комисија на владејачкиот Воени совет предложи забрзување на подготовките за претседателските избори со што би се овозможило номинирање на кандидатите од 23 февруари, а не од средината на април. Со тоа изборите би биле можни во април или во мај.

Автор: ЖА/ЕМФ/ дв/дпа/ртре

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска