1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно немирна ноќ во Белфаст

АТ/ ртр/ дпа/ афп/ дапд8 јануари 2013

Во спорот околу британското знаме ситуацијата не се смирува во северноирскиот главен град Белфаст. Про-британските лојалисти и про-ирските националисти повторно се судрија.

https://p.dw.com/p/17FiL
Фотографија: dapd

Околу 200 про-британски демонстранти вчеравечер со бензин-бомби, камења и цигли ја нападнаа полицијата. Силите за безбедност употребија водени топови против предизвикувачите на немирите. Беа палени автомобили, јавуваат британските медиуми. Полицијата беше нападната откако се обиде да ги оддели про-биртанските лојалисти и про-ирски националисти. Претходно католичките националисти гаѓаа со предмети против лојалистите кои протестираа, јави БиБиСи.

Претходно се одржаа мирни демонстрации против одлуката на градскиот совет, каде доминираат про-ирските политичари, британското знаме да се вее на јавните институции само во неколку години во годината.

Про-британските унионисти по одлуката на градската упрва, донесена на почетокот на декември протестираат речиси секој ден на улица. Тие стравуваат дека со укинувањето на 100 годишната традиција, британското знаме да се вее на градското собрание се подготвува патот за отцепување на британската провинција Северна Ирска од Лондон. Ројалистите се против обединување со Република Ирска.