1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно отворена најголемата синагога во Германија

31 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BaA2

Во Берлин денеска повторно се отвори најголемата синагога во Германија, која беше реставрирана во изминатите три години. На церемонијата присуствуваа и германскиот министер за внатрешни, Волфганг Шојбле и претседателката на Централниот совет на Евреите во земјата, Шарлоте Кноблох. Синагогата која датира од 1904 година, не била запалена од нацистите во 1938 година во т.н. Кристална ноќ. Постоеле стравувања дека пламенот би можел да се прошири и врз куќите на луѓе кои не се Евреи, а кои се наоѓале во околината на синагогата.