1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно судири на протестите во Каиро

9 април 2011

Египетските војници синоќа со палки претепале повеќе од стотина демонстранти и пукале во воздух на плоштадот Тахрир во Каиро. Тука се одржаа најголемите демонстрации од соборувањето на екс-претседателот Хосни Мубарак .

https://p.dw.com/p/10qRN
Илјадници луѓе демонстрираа во КаироФотографија: dapd

Повеќе од десетици илјади луѓе се собрале вчера на плоштадот Тахрир каде со развиорени знамиња и извикување на слогани барале од поранешниот претседател Хосни Мубарак и неговото семејство да им се суди поради обвиненијата за корупција. Тоа беше најголемиот протестен митинг од кога Мубарак ја напушти власта на 11 февруари.

Демонстрантите останале на плоштадот по завршување на протестот и отседнале во шатори, а воената полиција во неколку наврати безуспешно се обидувала да влезе во нивниот логор и да ги уапси офицерите кои им се придружија во протестот. Војниците со полициски камиони одвеле непознат број на демонстранти, а некои од нив меѓу кои имало жени добиле удари со палки. Околу 200 демонстранти се сокриле во близина на џамијата, каде војниците ги обиколиле, а според зборовите на сведоците, пукањето се слушало со часови. Демонстрантите во џамијата наведуваат дека имало голем број на повредени, а неколку луѓе ранети од огнено оружје. По синоќешните напади на плоштадот Тахрир и во неговата близина завладеало хаос, наведува агенцијата Асошиејтед прес. Пред Египетскиот музеј, недалеку од плоштадот, демонстрантите кои се обиделе да избегаат биле спречени од војниците, удирани со тупаници и соборени на земја пред да ги одведат со воените возила.

Ägypten Syrien Jemen Demonstration Protest Tahrir-Platz
Народот бара судење на поранешните корумпирани политичариФотографија: picture alliance / dpa

Автор: ЖА/СН/ макфакс/дпа

Редактор: Симе Недевски