1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголема побарувачка - повисоки цени

10 октомври 2007

Со децении цените на прехранбените артикли беа константни. Но, од пред неколку недели потрошувачите прехрамбените пороизводи ги плаќаат поскапо.

https://p.dw.com/p/Bo7p
За храна или за гориво? Кочан пченка повреден за автомобилите!Фотографија: AP

Млечните производи чинат повеќе зашто во меѓувреме луѓето во Азија, на пример, го открија нивниот убав вкус. Ниту цените на житариците веќе не се такви какви што беа, откако земјоделците произведуваат повеќе, но за пазарот на био-гориво од кој заработуваат повеќе.

Агфлација: комбинација од аграр и инфлација

Нов збор – за нов феномен -Со агфлација се означува феноменот на порастот на цените во целиот аграрен сектор. Почнувајќи од порастот на цените на млечните производи, преку порастот на цените на житариците, до нус-производите како леб, пиво и така натаму. Тоа значи дека цела една бранша е зафатена од таквиот развој, вели Мартин Шарт, експерт за аграр од реномираниот ИФО институт за истражување на стопанството

Шарт уште и истакнува дека - Секако, цените на житариците секогаш се изложени на варирања, зависно од жетвите, од временските услови, па можат да бидат различни од година на година. Но, таквиот феномен ја зафати целата бранша и тоа е сосем ново во таква форма.

Нова епоха во земјоделството?

Други одат подалеку. Петер Брабек, шеф на светски најголемиот концерн за храна Нестле прогнозира значително и долгорочно зглемување на цените на прехранбените производи. Германскиот министер за земјоделство Хорст Зехофер гледа почеток на нова епоха. Зашто во минатите децении агфлација не постоеше: и покрај постојаниот пораст на населението и растечката побарувачка, цените на земјоделските производи не растеа, туку опаѓаа.

Производството растеше побргу од побарувачката. Во Европа се зборуваше за планини од путер и млечни мориња. Во меѓувреме, тие исчезнаа. Цените на млекото и путерот растат. Ако кило млеко во минатата година чинеше 26,2 цента, сега чини 35,5. Нов рекорд кој Шар вака го објаснува - Меѓу другото, причина е зголемената побарувачка на производи од аграрот во целиот свет. Погледајте ги само Индија или Кина. Во овие земји стандардот се зголеми. Тоа предизвика зголемена побарувачка на производи со повисок квалитет, на пример, месо или растително масло за јадење.

Расте побарувачката - растат цените

Поголем стандард значи и подобра исхрана. А, кога во Кина и Индија на масата се појавува повеќе месо, тогаш расте и потребата од житарици. За килограм говедска кртина на пример, потребни се 16 килограми растителна храна. Последица: расте побарувачката, растат цените - Кон тоа и бумот во производството на био-енергија. И тука конкуренцијата меѓу храната и енергетските површини стана поголема.

Maisfeld, Biobauer, Landwirtschaft
Био - производствоФотографија: AP

На пример – пченката. САД, доминантно најголемите производители во светот, оваа суровина во големи размери ја вклучија во домашната био-бензин индустрија. Цената на килограм пченка се удвои, а тоа е само почеток. Во наредните десет години, американскиот претседател Џорџ Буш има намера за петпати да го зголеми производството на био-енергија. Се поставува и етичкото прашање: со количеството пченка потребно да се наполни еден камион со био-бензин, може да се прехранува еден човек цела година!

Биоенергијата, порастот на населението и променетите навики во исхраната предизвикаа намалување на резервите житарици во светот. Расте и нервозата на пазарите за суровини. Експертите прогнозираат долгорочен пресврт на ситуацијата на пазарите. Така размислува и Мартин Шар - Се укажува на тоа дека пазарите се наоѓаат во фаза на промени со што е поврано и тоа цените долгорочно да се движат на повисоко ниво од оние што ги имавме во последните години.

Значи, почеток на нова епоха. Епоха на агфлација.