1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголем одзив во споредба со претходните избори

5 јуни 2011

Досегашниот одзив на седмите парламентарни избори е 35,08 проценти, соопшти ДИК. Гласањето трае до 19 часот вечерва, а првичните резултати ДИК треба да ги објави 12 часа по завршување на гласањето.

https://p.dw.com/p/11Udf
Фотографија: MIA

ДИК соопшти дека гласањето се одвива главно мирно и дека сите избирачки места се отворени во 7 часот утрово.

Одѕивот во првата изборна единица е 39,1 отсто, во втората 31,89, во третата 40,82 отсто. Во четвртата изборна единица правото на глас го искористиле 37,2п роценти од избирачите, во петтата 34,93, а во шестата 27,6 отсто.

Според Кондарко, има некои информации за одредени нарушувања на текот на гласањето, односно неколку лица кои со мобилни телефони ги сликале избирачките ливчиња, но тоа е откриено од избирачките одбори и пријавено до надлежните институции и против нив ќе бидат преземени соодветни законски санкции.

Iзборните материјали за гласањето на иселениците наскоро ќе пристигнат
Изборните материјали за гласањето на иселениците наскоро ќе пристигнатФотографија: DW

Според директорот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ, ОДИХР, Јанез Ленарчич, гласањето досега се одвива без проблеми, но треба да се почека до самиот крај. „Ова досега се 11-ти избори кои ги набљудуваме тука. Ние имаме над 300 краткорочни и долгорочни набљудувачи кои во Македонија се дојдени пред еден месец, пред изборниот период“ вели Ленарчич. Тој додаде дека меѓународните набљудувачи се насекаде низ земјата за да го набљудуваат гласањето и броењето на гласовите.

Автор: АЧ/макфакс/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска