1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголем одзив на локалните избори

5 април 2009

Мирно и без инциденти тече гласањето во вториот круг од претстедателските и локални избори во Македонија. ДИК: На претседателските избори до 10 часот гласале 7, 27, а на локалните избори 8, 59 % од гласачите.

https://p.dw.com/p/HQWz
Фотографија: PETR STOJANOVSKI

Повеќе од милион и седумстотини илјади избирачи се очекува денеска да изберат шеф на државата и градоначалници во преостанатите 43 општини, во кои не беа избрани пред две седмици во првиот круг. Државната изборна комисија го соопшти одзивот до 10 часот. На претседателските избори гласале 7, 27 проценти од гласачите. На локалните избори одзивот до 10 часот е 8, 59 проценти од избирачите, објави на денешната прва прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски.

ДИК констатирала само задоцнет старт на гласањето во одредени избирачки места

Mazedonien Wahlen 2009
Фотографија: PETR STOJANOVSKI

Повеќе неизвесни трки за градоначалник

Според информациите од теренот во некои места се гласа само за градоначалници а гласачката кутија за избор на претседател е празна. Таков е случајот во скопско Арачиново барем во досегашниот тек од изборниот ден. Во поголемиот број од гласачките места изброите се одвиваат во најдобар ред.

Малите неправилности предизвикани од доцниот старт на изборите во некои места ги констатираа и набљудувачите на граѓанската асоцијација, „Мост“.

Најнеизвесна е изборната трка за градоначалник во Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Велес, Делчево како и во скопските општини Карпош и Центар. За да успеат претседателските избори односно да биде избран шеф на државата неопходна е излезност од најмалку 40 проценти од вкупниот број гласачи.


Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски