1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Погребот на Елцин во среда

24 април 2007
https://p.dw.com/p/AgB0

Еден ден по смртта телото на поранешниот руски претседател Борис Елцин е изложено во соборниот храм Христово спасение во Москва . На тој начин руските граѓани имаат можност да му одадат последна почит на починатиот . Елцин ќе биде погребан утре на московските гробишта Новодевичје. Претседателот на Русија Владимир Путин за утре прогласи ден на национална жалост .

Политичари од целиот свет на смртта на поранешниот руски претседател, Борис Елцин, реагираа со оценката дека си заминал голем државник. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ја нагласи улогата на Елцин во приближувањето на истокот и западот. Америакнскиот претседател, Џорџ Буш го нарече Елцин историска фигура, додека германската канцеларка, Ангела меркел изјави дека Елцин беше борец за демократија и слобода. Елцин беше првиот демократски избран претседател во Русија, кој на фунцкијата беше од 1991 до 1999 година. Тој почина вчера, на возраст од 76 години, од срцев удар.