Подготовка на нова стратегија за Ирак
29 декември 2006Според Буш потребно е Ирак да има таква влада што ќе биде во состојба да го спречи насилството. САД и натаму ќе помагаат во изградбата и ширењето на демократијата во таа земја:
“Штотуку имав средба со мојот тим за национална безбедност и првпат имав можност да разговарам и со министерот за одбрана Гејтс по неговоот враќање од Ирак. Ќе морам да одржам уште неколку консултации пред да и се обратам на нацијата во врска со новиот план за Ирак“, изјави Буш по средбата.
“Ќе продолжиме да работиме заедно со ирачката влада. Клучот на успехот во Ирак е земјата да има влада што ќе може да ја сочува младата демократија во земјата. Ние ќе им помогнеме за да успеат и ќе продолжиме да се консултираме со Ирачаните. Ќе разговарам и со конгресот“, најави американскиот претседател и дополни:
“Важно е американскиот народ да разбере дека успехот во Ирак е витален за нашата сопствена безбедност. Ако не успееме во Ирак, непријателот – екстремистите и радикалите – ќе ги продолжат нападите и ќе бидат во можност да и се закануваат на нашата земја“, рече американскиот претседател по средбата со членовите на советот за национална безбедност.