1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подготовки за локалните и претседателските избори

29 декември 2008

Локалните и претседателските избори во Македонија се‘уште не се распишани, но веќе е видлива предизборна раздвиженост на партиската сцена. Во тек се нови прегрупирања на партиската сцена.

https://p.dw.com/p/GOXW
Брисел очекува фер и демократски избори во МакедонијаФотографија: DW

Претстојните избори во Македонија ќе бидат нов тест за демократските капацитети на државата под будното око на Европската комисија. Поради забелешките за последните одржани избори, парламентарните, Македонија доби критики од Брисел и изгуби значаен дел од бонусот како аспирант за членство во ЕУ.

По православниот Божик ќе биде познат датумот кога истовремено ќе бидат одржани локалните и претседателските избори.

На партиската сцена во земјата веќе има предизборна раздвиженост. Политичките партии размислуваат за нови коалиции и за избор на кандидати на изборите.